Црвен крст: Досега собрани 20.932.654,00 денари

March 19, 2025
1 min read

Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите.

Црвениот крст упатува голема благодарност на сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население.

Досега се обезбедни вкупно: 20.932.654,00 денари. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани.

Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства преку:

–       Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.

–       Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).

–       Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/

–       За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: Првите 72 критични часа поминаа без нови жртви

Следно

Таравари: И премиерот и јас како министер за здравство имаме обврска да ги посетиме пациентите

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop