Црвен картон за власта во Србија, повеќе од 10 илјади луѓе протестираа во Белград

December 30, 2023
1 min read

Протестот започна со говори кај фонтаната „Теразије“, а продолжи со прошетка до Уставниот суд. Демонтрантите симболично им покажаа црвен картон на институциите

Протестот повикан од иницијативата „ПроГлас“ се одржа денеска во Белград, на кој присуствуваа повеќе од 10 000 луѓе.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Протестот започна со говори кај фонтаната „Теразије“, а продолжи со прошетка до Уставниот суд.
Демонтрантите симболично им покажаа црвен картон на институциите.

Според „ПроГлас“, повод за протестот е промената на изборната волја на граѓаните.

Актерката Светлана Цеца Бојковиќ на почетокот на протестот прочита примери за изборни нерегуларности и уцени забележани во извештајот на набљудувачката мисија на ЦРТА.
Таа го наведе примерот на жена од Србија, болна од рак, која чека на операција.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

„Некој од партијата нуди да ја турне на листа на чекање, практично за да и ги зголеми шансите за преживување. Таа само треба да биде сигурен глас за возврат и да добие уште неколку сигурни гласови“,

изјави Бојковиќ.

Пред толпата се обрати и Срѓан Цвијиќ како еден од контролорите на неодамнешните избори, кој рече дека контролорите не се виновни што не можеле да спречат изборна кражба.

На митингот дојде и потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, која веќе 13 дена штрајкува со глад, која беше поздравена со силен аплауз од граѓаните.

Таа на сцената се качи со помош на колегите Мирослав Алексиќ и Радомир Лазовиќ.

„Жал ми е што не можам и немам многу да ви кажам. Веќе кажав сè, дека овие избори мора да се поништат“,

кратко изјави Тепиќ, која зборуваше во видно лоша состојба.

Радомир Лазовиќ, шеф на коалицијата „Србија против насилството“, рече дека бараат поништување на изборите.

„Бараме поништување на овие украдени избори и нивно повторно одржување под фер услови, со организиран избирачки список, за да нема фантоми“,

изјави тој.

Секојдневните протести на српската опозиција започнаа на 18 декември откако матичната партија на претседателот Александар Вучиќ, СНС, ден претходно прогласи целосна победа на изборите, за кои опозицијата тврди оти се украдени од власта.

Покрај републичките и покраинските избори, на 17 декември се одржаа и локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски на новогодишно дружење со децата на припадниците на САЕ ,,Тигар”, ЕБР и ЕОП

Следно

Ретроспектива на 2023 година – најважните настани кои ги доживеа Македонија

Latest from Blog

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако
Go toTop