Црногорците на 19 март ќе гласаат на претседателските избори

January 16, 2023
1 min read

Објаснувајќи зошто го избрала тој датум, претседателката на црногорскиот парламент рече дека во април следуваат големи верски празници на трите најбројни конфесии во Црна Гора, поради што 19 март би бил најсоодветен датум за одржување на изборите

Претседателката на црногорскиот парламент, Данијела Ѓуровиќ ги распиша претседателските избори во земјата за 19 март 2023 г.

„Претседателот на Собранието е овластен и должен да распише избори за претседател на Црна Гора најдоцна 120 дена пред истекот на мандатот на претседателот на Црна Гора“,

рече Ѓуровиќ.

Актуелниот мандат на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, започна на 20 мај 2018 година, кога тој положи заклетва пред пратениците во парламнетот на Црна Гора.

Данијела Ѓуровиќ, претседателка на парламентот на Црна Гора/Фото: Википедија

Објаснувајќи зошто го избрала тој датум, Ѓуровиќ рече дека во април следуваат големи верски празници на трите најбројни конфесии во Црна Гора, поради што 19 март би бил најсоодветен датум за одржување на изборите.

„Имајќи ја предвид можноста ниту еден од потенцијалните кандидати на претседателските избори да не победи во првиот круг, требаше да се земе предвид фактот дека вториот круг од изборите се одржува по 14 дена, што повторно не би било соодветно, доколку се случи за време на верските празници“,

изјави Ѓуровиќ.

За да може кандидатот да победи во првиот круг на претседателските избори, треба да освои над 50 отсто од гласовите. Доколку тоа не се случи, во вториот круг ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најголем број гласови.

Претседателот на Црна Гора се избира на пет години.

Пред Мило Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора беше Филип Вујановиќ и тоа во три мандати, од 2003 до 2018 година.

Пред Вујановиќ, претседател беше Мило Ѓукановиќ. Тој на изборите во октомври 1997 година го победи Момир Булатовиќ, а функцијата ја извршуваше до ноември 2002 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опасно е ако не си „наш“ или „нивен“

Следно

УНЕСКО: Расте бројот на убиени новинари

Latest from Blog

Ракометот ја обедини Битола: Сите советнички групи го поддржаа предлогот на Бојкоски

Како дополнителна точка на дневниот ред на денешната 12-та седница на Советот на Општина Битола, претседателот на Советот Бојан Бојкоски ја предложи одлуката за давање согласност за продолжување на периодот на времетраење

Спектакуларен крај на „Денови на Крали Марко“ со концерт на „Мизар“

Со прекрасна атмосфера, исполнет Амфитеатар во Варош и моќен концерт на легендарната група Мизар, викендов успешно беше заокружена традиционалната манифестација „Денови на Крали Марко“, во организација на Општина Прилеп. Во текот на

Трамп со предупредување до Иран -часовникот отчукува, додека мировните преговори не напредуваат

„Подобро да се движат, брзо, или нема да остане ништо од нив“, напиша тој на својата платформа Truth Social. Пораката дојде додека претседателот разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата, објави „Тајмс

Во Скопје денеска втор протест на албанските студенти за правосуден испит на албански јазик

За денеска попладне во Скопје е закажан втор протест на студентите Албанци, кои бараат правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Студентите добија поддршка од политички претставници од
Go toTop