Црн чад од Сикстинската капела, не е избран нов папа во првиот обид

May 7, 2025
1 min read

Ништо од надежите дека во првиот обид ќе се избере нов папа. Од оџакот на Сикстинската капела во Ватикан излезе црн чад, што значи дека кардиналите ќе треба по втор пат да се соберат на конклава за избор на нов поглавар на римокатоличката црква.

Кардиналите ќе се вратат утре наутро и ќе се одржуваат четири круга гласање секој ден (два наутро и два попладне) се додека не се избере нов папа.

Изборот на новиот поглавар на Католичката црква се одржува зад затворените врати на Ватикан, во строга тајност и според прецизно утврдени правила. Кардинали од целиот свет се собираат на конклав, а светот со нетрпение очекува само еден знак: бел чад од оџакот на Систинската капела. Тоа означува дека е избран нов папа. Но, до тој момент, секој детаљ останува непознат за јавноста, а единствената информација што излегува од салата е бојата на чадот.

Изборот на папа се одвива на конклав, затворен состанок на кој учествуваат кардиналските избирачи. Сите присутни, вклучувајќи ги кардиналите и оние што им помагаат, се обврзани да одржуваат целосна тајност. Тие не смеат да откриваат ништо за кандидатите, текот на гласањето или причините за нивните одлуки, ниту за време ниту по изборите. Единствените информации што јавноста ги добива се исходот кој е избран за папа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новаковски во 24 анализа: Коалициите и овие локални избори ќе ги претворат во борба за територии и градови

Следно

Филипче од Неготино: Владата нема ни капацитет, ни идеја како да ја води државата

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop