Ципрас се повлекува од лидерската позиција во Сириза

June 29, 2023
1 min read

На првите избори во мај, Сириза доби 20 отсто од гласовите, двојно помалку од Нова демократија, а на вторите избори во неделата, дополнително се зголеми разликата меѓу двете партии (на 22,73 проценти). Левичарската партија загуби гласови освојувајќи 17,83 отсто од гласовите

Одлучив да предложам избор на ново раководство на партијата, на кое нема да бидам кандидат, порача лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, во денешната вонредна изјава по состанокот на извршната канцеларија на партијата по поразот на изборите, јавува МИА.

Според Ципрас, дојдено е време да се отвори нов циклус во Сириза.

Грчката опозициска партија претрпи голем пораз на двојните парламентарни избори во Грција.

На првите избори во мај, Сириза доби 20 отсто од гласовите, двојно помалку од Нова демократија, а на вторите избори во неделата, дополнително се зголеми разликата меѓу двете партии (на 22,73 проценти). Левичарската партија загуби гласови, освојувајќи 17,83 отсто од гласовите.

По поразот, Ципрас истакна дека партијата ја презема одговорноста за резултатите, а членовите ќе ги донесат потребните одлуки. Во целиот тој колективен процес на реконструкција на партијата, како што рече, тој ќе биде првиот што ќе се стави на располагање на партиските органи за да ја оценат неговата работа.

„Времето, за методично да работиме со цел реконструкција на партијата, не е неограничено. Временскиот период за нашето враќање се европските избори за околу една година од сега. И тоа мора успешно да се направи бидејќи тоа го бараат потребите на граѓаните“,

истакна Ципрас.

Алексис Ципрас 15 години ја водеше партијата, а во периодот од јануари 2015 година до јули 2019 година, додека Сириза беше на власт, беше премиер на Грција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Расте бројот на бездомници во Брисел

Следно

Апелациониот суд на В. Британија го прогласи за незаконски планот на властите да ги испрати барателите на азил во Руанда

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop