Расте бројот на бездомници во Брисел

June 29, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Бројот на бездомници во белгискиот главен град Брисел забележа пораст од околу 19 отсто во споредба со претходниот попис, односно изнесува 7.134 лица, јавува Анадолу.

Според податоците што организацијата „Bruss’help“, која врши активности во врска со бездомниците во Брисел, ги сподели со новинарот на АА, забележан е пораст од 18,9 отсто во бројот на бездомниците во споредба со претходниот попис реализирано во 2020 година.

Се вели дека во 2022 година се откриени 7.134 лица што се бездомници и имаат лоши услови за домување, но дека во оваа бројка се вклучени и податоци за новите категории. како што се „лица што привремено живеат со трети лица“ и „лица што се закануваат со евакуирање“.

Доколку се исклучат овие категории, бројот на бездомници што живеат на улици изнесува 6.317.

Од овие лица, 53,8 отсто имаат статус на бездомник веќе најмалку една година. Од бездомниците, 78 отсто се неженети/немажени, 13 отсто од нив се со деца, а 42 отсто од нив се Белгијци.

„Вистинската состојба е многу пострашна од тоа што го покажуваат добиените бројки. Но тоа ни помага да добиеме една слика за оваа ситуација“, се додава во соопштението на оваа организација.

Пописите реализирани во Белгија покажуваат дека во последните 14 години се забележува пораст на бројот на бездомници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тренчевска: Правото на протест на МПЦ-ОА е легитимно, но легитимно е и да се знае вистината за предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Следно

Ципрас се повлекува од лидерската позиција во Сириза

Latest from Blog

(ВИДЕО) Трамп: ДА НЕ ЈА ИСФРЛЕА РУСИЈА НЕМАШЕ ДА ИМА ВОЈНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тековната војна меѓу Москва и Киев најверојатно ќе била избегната доколку Русија останела членка на тогашната Група осум (Г8). „Најверојатно немаше да ја имате војната меѓу

Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување

Ведат Муриќи се врати во Фенербахче

Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која
Go toTop