Циклонот Гаранс одзеде три животи во француската прекуморска територија Реунион

February 28, 2025
1 min read

НАИРОБИ (АА) – Циклонот Гаранс денес го зафати островот Реунион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан, ги однесе животите на најмалку три лица и предизвика оштетување на инфраструктурата, јавува Анадолу.

Челникот на департманот на островот Реунион, Патрис Латрон, ги потврди трите жртви и додаде дека 182.000 луѓе останале без струја, 171.000 немаат чиста вода за пиење, а 134.000 немаат интернет. Тој рече дека црвеното предупредување ќе биде на сила до утре (сабота).

Францускиот премиер Франсоа Бајру, исто така, го потврди бројот на загинати на неговиот профил на Х, велејќи дека циклонот сè уште претставува закана за островот. „Повикувам да се почитуваат упатствата на локалните власти. Благодарност до државните служби кои ни помагаат да го поминеме ова искушение“, рече тој.

Интензивните ветрови од циклонот и обилните врнежи предизвикаа големи прекини на електричната енергија, прекини во водоснабдувањето и голема материјална штета низ островот.

Според властите, бурата удрила на копното со максимални постојани ветрови од над 200 километри на час откорнувајќи дрвја, покриви и предизвикувајќи сериозни поплави во различни региони.

Циклонот ги принуди властите да издадат предупредување за жителите да се задржат во нивните домови и за прекинување на сите несуштински активности.

Службите за итни случаи се мобилизирани за да ја проценат штетата, да ги обноват основните услуги и да им пружат помош на погодените.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски во посета на Турција – Ердоган: Нашите односи се јаки како и Камениот мост во Скопје

Следно

УЕФА го казни Реал Мадрид поради дискриминаторско однесување на навивачите

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop