Цезар салата

August 21, 2025
1 min read

Цезар салатата е еден од оние оброци кои ги задоволуваат сите сетила – свежа, лесна и богата со вкусови. Комбинацијата од крцкави потпечени лепчиња, сочно пилешко месо и кремаст прелив ја прават совршена и за ручек и за вечера. Еве како да ја подготвите во домашни услови:

Состојки:

1 главица свежа зелена салата (марула или ајсберг)
2 пилешки бели меса
4 парчиња тост леб
1 домат или неколку шери домати
1 краставица
2 варени јајца
40 грама пармезан
Маслиново масло (по вкус)
Балсамико оцет (по вкус)
Сол (по вкус)

За преливот:

1 кафена лажичка сенф
4 супени лажици мајонез
100 мл јогурт
Маслиново масло
Сок од 1 лимон

Подготовка:
Исчистете го белото месо и испечете го на скара, грил тава или, во краен случај, испржете го на малку масло. Оставете го да се излади, па исечете го на тенки ленти.
Тост лебот исечете го на коцки, попрскајте со малку маслиново масло и сол, па запржете ги на тефлонска тава додека не станат златно-кафеави и крцкави или потпечете ги во рерна.
Прелив:
Во длабок сад измешајте ги сенфот, мајонезот и јогуртот. Додајте малку маслиново масло и свежо цеден лимонов сок. Добро измешајте додека не се добие хомогена смеса.

Сервирање:
Во голема чинија ставете ја исечканата зелена салата. Попрскајте со маслиново масло, балсамико и малку сол. Наредете ги лентите од пилешко месо, крутоните и ренданиот пармезан. Додајте варено јајце исечено на кругови, домат и краставица по вкус. На крај, полијте со преливот.

Совет:
За уште побогат вкус, додадете неколку капки Ворчестер сос во преливот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова потенцијална инвестиција на хрватската ЕЛКА, компанија за високонапонски кабли

Следно

Италијанската полиција го уапси главниот осомничен за експлозиите на „Северниот тек“ во семптеври 2022 година

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop