Центарот за култура – Битола: Културното срце што чука со над 300 настани годишно

February 5, 2026
1 min read

Центарот за култура – Битола во 2025 година, со организација и реализација на традиционалните фестивали, голем број иновативни и нови манифестации, концерти, филмски проекции и со значаен број посетители и гости, ги одбележа големите јубилеи 45 години Центар за култура – Битола, 55 години Фестивал „Илинденски денови” – Битола и 50 години Детска ликовна изложба „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво”, кажа директорот на оваа институција Сашо Илковски на тркалезната маса за програмата за култура на Општина Битола.

Сценските простори на Центарот за култура беа и остануваат отворени за сите значајни музичко–сценски, театарски, фолклорни концерти, активности и манифестации, филмско творештво и презентација, за иницијативи и креативни идеи од невладиниот сектор и самостојните уметници, како и за сите свечени одбележувања и академии посветени на значајни поводи и настани од нашето културно-историско минато и сегашност.

На тој начин, преку мотивирање, поддршка, афирмирање и творечко надоградување на уметници и творци од Битола, регионот и Република Македонија, Центарот за култура создава услови за планиран и континуиран развој на културата и уметноста.

Покрај наведеното, Установата овозможува размена на културни вредности и следење на светските културни текови преку организирано гостување на познати светски уметници, групи и ансамбли, при што ги задоволува културно-уметничките потреби на широкиот аудиториум, односно поединецот како конзумент, поттикнувајќи го да биде не само набљудувач на културните вредности, туку и активен творец и аниматор на културата.

2025 година ја заокружиja со над 300 реализирани настани и повеќе од 130.000 посетители.

„Особено значајна во овој процес е континуираната поддршка на Општина Битола, која преку финансиска, логистичка и програмска соработка се јавува како вистински креативен партнер во реализацијата на фестивалите и културно-уметничките манифестации. Заедничката визија за развој на културата, вложувањето во квалитетни културни содржини и поддршката на домашните и меѓународните уметници претставуваат темел врз кој се гради современиот културен идентитет на Битола.
Следејќи ја тенденцијата за развој на Центарот за култура во современ мултимедијален и мултинаменски центар за креирање и презентирање на културни вредности, обемот на дејности се зголемува во континуитет.
Во годината што е пред нас, Центарот за култура ќе настојува да го задржи и надгради нивото и вредностите на традиционалните фестивали: Фестивалот „Илинденски денови”, Интернационалниот фестивал на монодрама, Фестивалот на музика од светот, Интернационалниот етнографски филмски фестивал, како и да воспостави нови креативни културно-уметнички текови кои ќе ги поттикнат и афирмираат идеите и делата на новите генерации уметнички творци.
На тој начин, со заеднички сили и визија, ќе продолжи да чука во вистински ритам „Културното срце на Битола” вели директорот на Центарот за култура-Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Следно

Свечена спортска вечер во Пробиштип: избор на спортист на годината

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop