Цените на становите во Скопје скокнаа за 19,4% на годишно ниво

April 9, 2025
1 min read

Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за  7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на годишно ниво, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка. 

Во првиот квартал од минатата година цените на становите забележаа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти на квартално што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година. Во вториот квартал од  2024 становите забалежаа поскапување за 11,5 проценти на годишно ниво и од 8,2 проценти на квартално ниво. Во третиот квартал лани растот на годишно ниво изнесуваше осум проценти, а на квартално имаше пад од 0,3 проценти, по што повторно следуваше раст во четвртиот квартал на квартално ниво за 3,3 проценти, а за 10,6 проценти на годишно ниво.

Индексот на цени на станови е изготвен од страна на НБРСМ, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на градот Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Елмас: Пресреќен сум во Торино, но дали ќе останам не зависи само од мене…

Следно

Марта Наумовска Грнарова: Ние генерално како производни компании сме извозно ориентирани, 33% во цената не може да не се одрази!

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop