Цените на нафтата паѓаат три недели по ред

May 8, 2023
1 min read

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 5,3 отсто, на 75,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 7,1 отсто, на 71,34 долари

На светските пазари минатата недела цените на нафтата паднаа, трет пат по ред, а во еден момент паднаа на најниските нивоа за една и пол година, бидејќи централните банки дополнително ги зголемија каматните стапки, што ќе го забави растот на економиите и побарувачката за „црното злато“.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 5,3 отсто, на 75,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 7,1 отсто, на 71,34 долари. Тоа е трета недела по ред како цените паѓаат, што е незабележано од ноември минатата година, кога во еден момент паднаа на најниските нивоа од крајот на 2001 година.

Ова е резултат на загриженоста на трговците за побарувачката, имајќи предвид дека минатата недела американската и европската централна банка повторно ги зголемија каматните стапки за 0,25 процентни поени. Со ваквото заострување на монетарната политика, кое трае од почетокот на минатата година, централните банки се обидуваат да ја потиснат инфлацијата, што значи забавување на растот на побарувачката и економијата.

А тоа пак значи слабеење на побарувачката на нафта. Загриженоста за побарувачката е последица и на кризата на неколку регионални американски банки, чијшто колапс би имал негативно влијание врз најголемата светска економија.

Трговците се надеваа дека закрепнувањето на кинеската економија, по укинувањето на рестриктивните мерки за ковид, ќе ја поттикне побарувачката за нафта. Сепак, ова беше постигнато само делумно бидејќи закрепнувањето не беше толку силно како што се очекуваше.

Пазарот е поддржан од шпекулациите за можно дополнително намалување на производството од страна на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници со цел да се балансира пазарот и да се поддржат цените. По падот три недели по ред, цените на нафтата се во значителен дефицит од почетокот на годината. Во однос на почетокот на годината, цената на барелот на лондонскиот пазар падна за околу 12 отсто, а на американскиот за околу 11 отсто.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пјер- Емерик Обамејанг најави во кој клуб ќе се пресели

Следно

(ВИДЕО) Ердоган на предизборен митинг во Истанбул: Ќе ги закопаме оние што се про-ЛГБТ во гласачките кутии

Latest from Blog

Претседателката на ДКСК осомничена во случајот Адитив – одобрени мерки за претпазливост

Мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, осомниичена во предметот „Адитив“. Кривичниот суд попладнево го прифати барањето на обвинителството за организиран криминал и корупција и одобри привремено одземање на патната

Санкциониран возач кој со возило се движел по велосипедска патека во скопски Бутел

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” ве известуваме дека

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка, предметните обвинители донесоа Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица.
Go toTop