Цените на многу производи во грчките супермаркети се намалени и до 20 отсто

March 4, 2024
1 min read

До 15-20 отсто се намалени цените на многу производи во грчките супермаркети, според министерот за развој на Грција Костас Скрекас, откако во петокот беа воведени конкретни мерки за справување со инфлацијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за радиото „Реал фм“, Скрекас истакна дека го следат текот на цените, Министерството ги добило ценовниците од маркетите и има намалување на речиси 4.000 шифри на производи.

-Од 24.000 кодови што ги има еден супермаркет евидентирано е намалување на цените на 3.912 од нив. Одредбата за намалување на цената влијае, истакна надлежниот грчки министер.

Додаде дека со новите мерки е спречено покачување на цените и поскапувањата се намалени за 80 отсто.

-Имаме намалување на цените. Ги гледаме првите знаци на деескалација. Во однос на декември, намалувањето на инфлацијата на храната е околу 15-20 отсто, намалена е на под осум проценти.  Од друга страна, во генералниот индекс, кај енергијата, средствата за лична хигиена, облеката и слично, таму имаме уште помала инфлација која е околу три отсто, објасни Скрекас.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Игри без правила – дел инкогнито портали до државни пари за изборите

Следно

Бразил и Русија ја истакнаа важноста на напорите за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop