Цените на храната во Албанија поскапи отколку во Европа

June 19, 2025
1 min read

Најновите податоци од Евростат, кој го мери индексот на цени, според куповната моќ, за Европската Унија и земјите-кандидатки, потврдува дека цените на храната во Албанија се повисоки од оние во земјите на ЕУ.

-За првпат од 2005 година, кога Европската агенција за статистика почна да ги мери податоците, индексот на цените на храната и безалкохолните пијалоци во Албанија лесно го надмина нивото од 100% (100,1%), што значи дека цените на храната во Албанија се за 1% поскапи од просекот на Европската Унија, додека приходите според методот на куповната моќ се 41% од просекот на ЕУ, објавија албанските медиуми.

Од 2005 до 2018 година, цените на храната во Албанија биле во просек 68-78% од просекот на ЕУ. Од 2018 година, тие почнале да растат, додека во 2023 година, цените во Албанија биле во просек само 7% поевтини од просекот на ЕУ. Додека во 2024 година, цените биле изедначени за првпат, дури и надминати за 1%.

Најскапите прехранбени производи за албанските семејства во споредба со ЕУ се јајцата, сирењето и млекото, кои се поскапени за 131% од просекот на ЕУ, од 119,5% претходната година.

Другите прехранбени производи се исто така околу 25% поскапи отколку во ЕУ (124,8%). Безалкохолните пијалоци се 19% поскапи отколку во Европа. Албанците купуваат цигари поевтино, кои чинат 47% од европскиот просек.

Во споредба со другите европски земји, цените на храната во Албанија се речиси исти како во Германија, Португалија и Италија, додека тие чинат повеќе отколку во Шпанија, Чешка, Полска и Бугарија и се највисоки во регионот.

Причините за овие разлики се поврзани со високото ниво на даноци на производите за домаќинство во Албанија, особено ДДВ, високите трошоци за транспорт, несоодветната логистика, недостигот на конкуренција.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ракета на СпејсИкс експлодираше за време на тест

Следно

Синдикатот на МАНАВ: Стоп на непотребни партиски кадри

Latest from Blog

Политичар, левичар, наркоман… “ ДА, КОРИСТЕВ КОКАИН, НО НЕ ДОДЕКА СУМ НА РАБОТА…“. Гласајте за мене!

Лидерот на Данската либерална алијанса, Алекс Вансплаг, во објава на Фејсбук призна дека користел кокаин. Имено, во објава на социјалната мрежа Фејсбук, данскиот политичар напиша: „Значи да, пробав кокаин на почетокот на

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и

Во кои угостителски објекти ќе може да се пуши?

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе се најде на седница на Владата, по што ќе биде доставен до Собранието на понатамошна процедура. Министерот за здравство Азир Алиу информира дека процесот
Go toTop