Целосно е завршена дигитализацијата во училиштата во Бутел, соопшти Костовски

December 20, 2023
1 min read

Продолжува дигитализацијата во образовните установи во Бутел, соопшти градоначалникот Дарко Костовски. 

– Денес во ООУ „Св. Климент Охридски” поставивме смарт табли и со задоволство можам да истакнам дека ова училиште е прво коешто доби комплетно опремени училници, кабинети и кабинет по информатика со смарт уреди. Во училницата во која го завршив моето основно образование, одржавме час по историја на новите смарт табли, сподели Костовски. 

Тој информираше дека во изминатите две години обезбедени се смарт табли и компјутери, а со денешната инвестиција во целост е реализирано дигитализирањето.

– За нашите ученици, смарт уредите го зголемуваат интересот за наставата, додека за наставниците, овие технолошки алатки го збогатуваат наставниот процес. Поддршката на образованието и вложувањето во наставниот процес и понатаму ќе остане да биде наш врвен приоритет. Влогот во најмладите е влог во нашата иднина! – дециден е Костовски. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синдикатот на контролорите на летање не ја повлекува одлуката за штрајк на 25 декември и Нова година

Следно

Ерупцијата на вулкан на Исланд се смирува: „Ќе биде туристичка атракција“

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop