„Царинскиот систем на Туркије за трговија со Израел е целосно затворен“

November 2, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА)

Министерот за трговија на Туркије, Омер Болат, изјави дека царинскиот систем на Туркије е целосно затворен за трговија со Израел и додаде: „Нашата земја ќе продолжи да ги покрива потребите на угнетениот палестински народ и економски да ја поддржува праведната кауза на Палестина“, известува Анадолу.

Во врска со наводите дека трговијата со Израел продолжува, Министерот Болат го сподели одговорот на својот профил на социјалната мрежа Х.

Потсетувајќи дека сѐ додека Израел не прогласи траен прекин на огнот и не дозволи доволен и непречен проток на хуманитарна помош во Појасот Газа, во потполност ќе бидат во прекин извозните и увозните трансакции на турската влада со Израел за сите производи, почнувајќи од 2 мај 2024 година, министерот Болат наведе дека по овој датум не се регистрирани никакви царински декларации за извоз и увоз со Израел. Во објавата тој наведе дека на ист начин, нема ниту пратки од Израел кон Туркије и дека царинскиот систем во потполност е затворен за трговија со Израел.

Повикувајќи се на одлуката од 2 мај 2024 година, Болат рече:

„Во рамките на меѓусебниот договор постигнат по барање на палестинското Министерство за национална економија, со цел снабдување со производи кои ѝ се потребни на Палестина, која има приближно 6 милиони жители, покривајќи ги Западниот Брег, Источен Ерусалим и Газа, извозот е дозволен само ‘до палестински дестинации и доколку купувачот е палестински увозник’, и доколку тоа е официјално потврдено од палестинското Министерство за национална економија. Палестинското Министерство за национална економија повеќепати наведе дека овие стоки се користат исклучиво од страна на Палестина, а тоа дека предметната стока и припаѓа на нашата трговија со Палестина се гледа и од нашите трговски податоци.“

– Како функционира билатералниот трговски механизам Туркије-Палестина?

Посочувајќи дека Палестина секоја година има приближно 25 % индиректен или директен увоз од Туркије, министерот Болат рече дека од 2024 година извозот во Палестина во статистичкиот систем се внесува со сопствена шифра и палестинските набавки кои претходно влегувале регистрирани преку Израел, започнале во системот за статистика да се евидентираат со сопствената шифра на Палестина.

Зборувајќи рече дека палестинските увозници аплицираат до палестинското Министерство за национална економија за секоја пратка до воспоставениот билатерален трговски механизам Туркије-Палестина, кој со текот на времето е и зајакнат, Министерот Болат информираше дека постапките за регистрација на пратките се спроведуваат откако информациите за договорените пратки ќе бидат потврдени по електронски пат во координација со Министерството.

„Во тој контекст, палестинските компании увозници прво аплицираат до палестинското Министерство за национална економија за пратки чија дестинација е декларирана како Палестина во извозните декларации. Доколку оваа апликација се смета за соодветна, писмо за потврда издава палестинското Министерство за национална економија по електронски канал до нашата земја. Регистрацијата на царинските декларации за предметниот извоз е дозволена од страна на царинските органи само доколку доставеното писмо за потврда е направено во рамките на овој процес и е одобрено по извршените проценки за производите“, наведе министерот Болат.

– „Туркије ќе продолжи да ја поддржува Палестина“

Министерот Болат истакна дека увозот во Туркије од Палестина е можен доколку барањето за извоз од страна на палестинските извозници е одобрено од палестинското Министерство за национална економија, кое тоа потоа го проследува до Туркије и има документ за одобрување со кое се потврдува дека Палестина е земја на потеклото.

Дополнително, наведувајќи дека трансакциите за увоз и извоз во Палестина од слободните зони и магацини можат да се спроведат по потврдата во рамките на истиот механизам за електронско одобрување, министерот Болат во објавата вели:

„Нашата земја ќе продолжи да ги задоволува потребите на угнетениот палестински народ и економски да ја поддржува праведната кауза на Палестина“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи, Македонија да ја претвори во домаќин на три раскрсници

Следно

Атлетико Мадрид жестокo казни девет навивачи

Latest from Blog

Сончево со мала облачност и ветер

Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има
Go toTop