Царинска управа: За неполни пет месеци поднесени 85 кривични пријави, колку што биле вкупно во периодот 2020-та до 2022 година

May 20, 2025
2 mins read

Царинската управа за неполни пет месеци годинава поднела 85 кривични пријави што е еднакво на вкупниот број кривични пријави поднесени во тригодишниот период од 202-та до 2022 година. Како што информира денеска директорот Бобан Николовски, со засилени контроли се постигнати рекордни резултати, а се делува на повеќе фронтови за целосно сузбивање на долгогодишните криминали со употребувани возила, злоупотреби и измами со увози на храна чија цел била избегнување плаќање давачки со што е нанесена директна штета врз Буџетот на државата. 

Според Николовски, продолжени се предкривичните постапки за криминални дела со употребувани возила.

-Решени сме да се справиме со криминалните банди и да ги наплатиме сите давачки кон државата. Годинава до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и до Основното јавно обвинителство, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе 41 кривична пријава против 32 правни и 118 физички лица за сторени кривични дела со 140 возила, при што директната штета нанесена врз Буџетот со избегнување плаќање давачки изнесува 14,7 милиони денари (239 илјади евра), истакна директорот на прес-конференција.

Посочувајќи конкретни случаи, Николовски напомена дека е спречен обид за нелегален увоз на половно возило мерцедес Е 350 за кое се избегнати давачки од 450 000 денари. Мерцедесот е запленет и веќе се поднесени кривични пријави против девет лица. Во случајот биле инволвирани две шпедиции, една од Скопје и друга лоцирана на Блаце, нотар, тројца царински службеници и еден полициски службеник. Оваа организирана мрежа користела фалсификувана документација и лажни исправи.

-Во секоја етапа од случајот се откриени криминални дејства. Станува збор за грубо кршење на сите закони, при што се извршени повеќе криминални дела, фалсификување исправа, употреба на исправа со невистините содржина и злоупотреба на службена должност и овластување. Но, тука не е битен мерцедесот, туку тоа што постигнавме ефект кон кој се стремевме зашто системот што го градиме е многу битен, подвлече Николовски. 

Во друг случај Царината открила дека увозник со помош на царински застапник во период од 2022 година до јули 2024 година увезувал автомобили и за нив употребувал лажни податоци за да избегне плаќање на дел од увозните давачки во висина од 1,6 милиони денари. Станува збор за 34 автомобили чија вкупна вредност изнесува 145 251 евро, при што осомничените при царинење автомобилите ги декларирале како моторни возила за превоз на стоки со цел избегнување плаќање данок на моторни возила. Од Секторот за контрола и истраги за овој случај дополнително се наплатени 1,6 милиони денари, а до ОЈО Скопје против две правни и две физички лица поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело царинска измама. 

-Применуваме сеопфатен пристап за спречување на криминалот. Ги зајакнуваме сите капацитети и внатре и на гранични премини и на оние најфреквентните и на оние со најмал сообраќај, при што ги спречуваме обидите за криумчарење. Последно на ГП Пелинце кога со години не се памети да има записник за кривично дело, спречен е обид за криумчарење злато и сребро во вредност од 2,4 милиони денари (39 илјади евра). На овој начин ќе продолжиме да делуваме и во иднина координирано и уште посилно се со цел фаќање на сторителите и создавање услови за побезбедно општество како темел за одржлива економија, потенцира директорот Николовски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на неформалниот самит на туркиски земји во Будимпешта

Следно

Лавров: Путин му ја потврди на Трамп целта за праведно решение во Украина

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за
Go toTop