Царинска управа: 1,3 килограми сребрен накит запленет на ГП Богородица

February 10, 2024
1 min read

На влез на ГП „Богородица“ царински службеници запленија 1,3 килограми сребрен накит, соопшти денеска Царинската управа. Се наведува дека накитот е откриен откако патник кој патувал од Турција се обидел истиот да го внесе во државата без да го пријави кај царинските органи.

-Сребрениот накит е откриен при преглед на патничко возило со кое лицето патувало како совозач. Станува збор за 157 парчиња прстени, 21 парчиња нараквици, 45 ланчиња, 26 обетки и 20 привезоци кои лицето ги скрило во ќеса која ја ставил зад задното седиште и во еден куфер ставен во багажниот простор. За сребрениот накит за којшто изјавил дека го набавил од Турција лицето не поседувал никаква документација, соопштува Царинската управа.

Против него се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: ДПМНЕ ги бранеше министрите на Таравари, не ги бранеше и не гласаше за своите министри

Следно

ОТИДЕ ЧЕКОР ПОНАТАМУ: Милица Дабовиќ веќе нема „Онлифанс“, туку платформа токму за возрасни, фотографиите таму буквално +18 и без цензура!

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop