Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

February 4, 2026
1 min read

Јавниот превоз беше една од темите на советнички прашања во Советот на Град Скопје.

„Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови автобуси. Целосно ќе го нормализираме градскиот транспорт. Но ова тешко дека ќе се реализира, бидејќи и да биде успешен тендерот овојпат, потребни се неколку месеци за да се заврши процедурата.Вчера најавивте дека Владата за Град Скопје ќе набави 100 нови електрични автобуси.

И она што создаде конфузија дали станува за збор за оние 80 автобуси за кои пропадна тендерот летоска или станува збор за нова набавка на уште 100 автобуси? Колку нови автобуси ќе има и дали се знае кога”, праша координаторката на советничката група на СДСМ и Коалицијата, Катерина Цаневска Арсовска.

„Требаше да имаме автобуси во март, но тендерот пропадна. Јас не се плашам да се извинам ако згрешам со проценките. Сега, наместо 80 ќе бидат набавени 100. Најголем дел од нив ќе стигнат годинава. Со кредитот за БРТ покрај возила за овој превоз ќе бидат набавени и 30 автобуси, за што набрзо ќе се распише тендер”, вети градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски со планови за целосна реконструкција на пазарот во Прилеп

Следно

Попладнево нова блокада на патот Битола-Ресен

Latest from Blog

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop