ТРТ започнува со глобално емитување на својата нова платформа „табии“

May 10, 2023
3 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Јавниот радиодифузер на Туркије, ТРТ, откако ги освои срцата на гледачите ширум светот со своите популарни продукции, ја воведе својата глобална услуга за емитување, „табии“, со цел да ја задоволи побарувачката за турски содржини, јавува Анадолу.

Платформата „табии“, под слоганот „Приказни кои нѐ поврзуваат“ првпат ја најави директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, на настан во Истанбул на 2 мај 2023 година.

„Табии“ нуди брз и ексклузивен пристап до широк спектар на висококвалитетни семејни содржини кои опфаќаат различни култури, и кои повикуваат на заедничките вредности на својата меѓународна публика.

„Табии“ започнува со над 30 ексклузивни оригинални продукции заедно со омилени забавни ТВ-серии од страна на обожавателите, блокбастер филмови, наградувани документарни филмови и детска содржина.

Целосната услуга на „табии“ за Туркије е бесплатна, а за глобалната публика, „табии“ првично е достапен преку платформите „Јутјуб“ (youtube.com/@tabii) и „Року“ по прифатлива претплата. Меѓународните апликации се очекува да бидат лансирани подоцна во текот на оваа година на англиски, шпански, арапски и урду, со повеќе јазични опции наскоро.

Со над 55-годишно искуство во емитување, ТРТ моментално допира до 7 континенти преку 18 ТВ-мрежи, 17 радио станици и дигитални платформи на 41 јазик и дијалект. ТРТ преку „табии“ нуди уникатна перспектива на глобалниот пазар со своето раскажување приказни кое ги истражува културите, наследството и вредностите од различни географски простори. „Табии“ е покренат со огромен избор на содржини кои вклучуваат нови ексклузивни оригинални серии во различни жанрови, лиценцирани продукции и популарна содржина на ТРТ од нејзината обемна библиотека.

Турските продукции веќе имаат над 800 милиони гледачи во 146 земји во Европа, Блискиот Исток, Централна Азија, Африка и Америка со над 150 ТВ-серии. Како нов „плејмејкер“ во индустријата, „табии“ ќе биде лидер на дигиталниот стриминг сектор во Туркије, кој проектира значително зголемување на извозот на ТВ-серии почнувајќи од 2023 година.

Директорот за комуникации при турското Претседателството, Алтун, во својот говор истакна дека глобалната платформа на ТРТ, „табии“, ќе биде клучен актер и ќе има позитивно влијание врз другите стриминг услуги во глобалната арена, и ќе ја дополни моќта на брендот Туркије.

– „Приказни од ‘табии’ кои нè поврзуваат“ –

„Табии“ има за цел да биде водечка глобална стриминг платформа преку којашто заедниците ќе можат да се обединат и да се соберат како семејство околу универзалните вредности, каде што секој може да најде дел од себе, и да се поврзе преку споделените приказни.

На своите гледачи им нуди широк спектар на оригинални содржини кои се движат од животите на саканите историски личности до борбите на суперхероите против глобалните катастрофи, од продукции преполни со акција до дистописки драми, од анимации за деца до забавни содржини за млади со нови и омилени ликови.

На публиката и е достапен огромен избор на забавни содржини во различни жанрови: акција, драма, научна фантастика, комедија, мистерија, романтична комедија и трилер.

Во согласност со својата мисија за меѓународна пристапност, гледачите може да уживаат во висококвалитетната содржина на платформата „табии“, синхронизирана и титлувана на турски, англиски, шпански, арапски и урду. Повеќе јазични опции ќе бидат достапни наскоро, со цел дополнително проширување на досегот на „табии“.

– „Табии“ ја става во центарот на вниманието културната разновидност –

Создаден врз основа на турски стории на кои се восхитува обемната публика низ светот, „табии“ започна со уникатното искуство на емитување богата содржина привлечна за заедничките вредности и разновидноста на различни култури. Покрај популарните и сега класични турски продукции, „табии“ нуди листа на ексклузивни оригинали и лиценцирани содржини кои ги ставаат во центарот на вниманието приказните за културно разновидната публика недоволно застапена во меинстрим медиумите.

Во својот говор, генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собаџи, рече: „Развиена во согласност со нашето мото ‘возможен е поправеден свет’“ и во дигиталниот простор, овој сервис го прави првиот чекор од својата авантура денес да стане новиот глобален бренд на нашата земја.”

„Ние имаме храброст да бидеме примарен канал за задоволување на потребата од содржини ориентирани кон семејството низ целиот свет. Ги раскажуваме приказните на милијарди луѓе кои се изоставени од милијарди продукции,“ додаде Собаџи.

Тој нагласи дека преку „табии ќе се споделува нашата култура, вредноста на традицијата и семејството, ќе ги раскажеме точните приказни за заедниците кои во голема мера се недоволно застапени во меинстрим медиумите“

– „Табии“ започнува со повеќе од 30 оригинални продукции –

Црпејќи инспирација од глобалниот успех на сериите како што се „Ертугрул“, „Барбароса: Мечот на Медитеранот“ и „Невините“, „табии“ започнува со повеќе од 30 оригинални, семејни и висококвалитетни продукции ексклузивно произведени за платформата. Стории како што е „Руми“ која го истакнува животот на научникот, поетот и учителот; „Слободно небо“ споделува содржини со акциона тематика за Турските воздухопловни сили и борбените авиони; Популарната продукција на ТРТ „Малиот стрелец: Искендер“ се враќа со своите сосема нови авантури; „Кажи повеќе не“ со доза на хумор и забавна актерска екипа, „Последниот ден“ кој спојува познати актери во психолошкиот трилер и „Алтај“, првиот проект од новиот универзум на суперхерои, како и многу други серии, документарци и други содржини.

– Сосема нови содржини за млади –

„Табии“ нуди различни опции за најенергичните членови на семејството и воведува голем обем на ексклузивни висококвалитетни оригинални содржини посветени на младите.

За повеќе информации посетете ја веб страницата www.tabii.com.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Серхио Бускетс објави дека заминува од Барселона

Следно

ПМФЛ: Академија Пандев останува прволигаш, Скопје во баражот за опстанок

Latest from Blog

Исплатени 139.965.962 денари, финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица

Денес се изврши исплата кон 3.420 лица со вкупен износ 139.965.962,00 денари за мерката 1.3 Финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица од Програмата за изменување и дополнување на Програмата

ВМРО-ДПМНЕ: Кумата на хаосот на јавниот превоз Арсовска, го доведе Скопје на раб на колапс, ние сме подготвени за реформи доколку има отчетност и план

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс. „Неспособната Арсовска кој ае и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост

Академик Попов: Само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ може да дојдеме до разумни и прифатливи решенија

Во обраќањето по повод Денот на МАНУ, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на пречките на земјава на патот на зачленување во Европската Унија.  Како што рече, пријателството, спремноста за

Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија во Општина Охрид. По настанот одговарајќи на новинарско
Go toTop