Трпаноски: Организацијата на ЕП во џудо е извонредна можност за промоција на Македонија

May 29, 2025
1 min read

Во Скопје, од 26 до 29 јуни годинава ќе се одржи Европското првенство во џудо за кадети. Еден од најголемите меѓународни настани во Македонија во 2025 година ќе се одвива под слоганот „Младите ѕвезди на иднината“.

Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски очекува рекорден број учесници на еден ваков турнир и можност за промоција на нашата земја.

– Сите подготовки одат во најдобар ред. Од 51 земја членки на Европската џудо федерација, досега 19 се пријавени за настап во Скопје. Се разбира, роковите не се истечени, има време да се пријават и другите, но она што е посебно важно за нас е дека најдобрите и најквалитетните федерации – како Грузија, Азербејџан, Германија, Франција, Швајцарија…, веќе го потврдија своето учество. Околу 400 луѓе го потврдија своето доаѓање, вклучително и првите луѓе на Европската џудо федерација, така што очекуваме рекорден број учесници на едно кадетско првенство. Реално очекувам барем 40 земји да се натпреваруваат во Скопје, изјави Трпаноски.

Тој додава дека на 12 јуни ќе учествува на Конгресот на Светската џудо федерација, во рамки на Светското првенство во Будимпешта, па таму ќе има можност повторно да се сретне со своите колеги и да ги добие сите дополнителни информации околу конечната листа на учесници.

– Ние се подготвуваме максимално сериозно, бидејќи во џудото владеат високи критериуми кои мора да се испочитуваат. Кај нас многу малку се знае за овој аспект, па токму затоа, сакаме да и покажеме на пошироката јавност дека не станува збор само за благороден спорт, туку и одлично организирана џудо заедница на глобален план. Воедно, сакаме да ја оправдаме одличната доверба што ја имаме кај Европската федерација, особено по организацијата на двата џудо купови кај нас, кога се создадоа услови да се кандидираме и за Европско првенство. Тука сакам да потенцирам дека ова ЕП ќе биде извонредна можност за промоција на Македонија. Имено, кадетите како натпреварувачка категорија се најбројни во системот на џудото. Ако се земе предвид дека на светската сцена воопшто доаѓа до смена на генерациите, тогаш е разбирливо зошто токму на кадетите им се посветува големо внимание во џудото и оттаму доаѓа големата и сериозна заинтересираност за учество на првенството во Скопје – додава првиот човек на македонското џудо.

Македонија организацијата на првенството ја доби во конкуренција на шест други држави.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 300 познати личности го повикаа британскиот премиер да го прекине „соучеството“ во ужасите во Газа

Следно

Собранието ќе одржи седница за пратенички прашања

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop