Трошоците за живот во 2024 година со раст од 3,5% – ДЗС: Цените на мало се зголемени за 3,8%, инфлацијата расте

January 8, 2025
1 min read

Трошоците за животот во 2024 година, во однос на 2023 година, бележат пораст од 3.5 отсто, а цените на мало од 3.8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од 2023 година, трошоците за живот се зголемени за 4.4, а цените на мало за 4.3 отсто. Движењето на индексот на трошоците за животот во 2024 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи: ресторани и хотели за 9.9%, здравство за 5.3%, разновидни стоки и услуги за 5.1%, Мебел, покуќнина 3.8%, облека и обувки за 3.1%, храна и безалкохолни пијалаци за 2.9%. Цените на мало се зголемени за 3,8% додека во декември во однос на ноември 2024 година бележат раст од 1.2%. Стапката на инфлација во декември е 4,4%, соопштија од Државниот завод за статистика.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЛИКАМ КАКО ЏЕЗ МУЗИЧАР, ВЕЛИ СЕРГЕЈ АНДРЕЕВСКИ, КОЈ ЌЕ БИДЕ АВТОР НА ПЛАКАТИТЕ НА КОНЦЕРТИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ-ОРКЕСТАР

Следно

Сашо Мијалков времениот отпуст од затвор го тера во Монте Карло! Обвинителство? Судство?

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop