Трошоците на одбраната за предметите кои застарија со последните измени на КЗ паѓаат на товар на буџетот, но адвокатите ќе треба да прикажат реални трошоци, велат од Кривичен

October 19, 2023
1 min read

реклама


 Трошоците на одбраната за предметите кои застарија со последните измени на Кривичниот законик паѓаат на товар на буџетот на државата. Средствата што обвинетите ги исплатиле на адвокатите, со одлука на Судот ќе треба да им бидат рефундирани на странките. За трошоците да бидат признаени и досудени, адвокатите ќе треба да поднесат барање и пред судот да приложат реално сторени трошоци, а досега судот нема донесено такво решение, информираат на денешниот брифинг во Основниот кривичен суд – Скопје.

Сумата што треба да се исплати за адвокатите, се одредува врз основа на барање поднесено до судијата, односно судечкиот совет што го водел предметот, со приложени докази за исплатата од странката, за потоа судот да ги рефундира тие средства. Согласно адвокатската тарифа, едно рочиште во предмет со повеќе обвинети адвокатот го тарифира околу 60 до 90 илјади денари, а во еден ваков предмет досега можеби имало и стотина рочишта, со по дваесетина адвокати.

реклама

–  Кривичниот суд, во ваква ситуација бара доказ, дека тие трошоци се веќе наплатени претходно. Доказ е фискална сметка, извод од УЈП или извод од банкарска сметка, каде што се гледа приливот и одливот, за да можеме како реално сторени трошоци да ги исплатиме. Доколку не ни се дадат на увид, такви значи има некој проблем. Потоа тие средства се рефундираат на странката, пред се, појаснуваат од Кривичен.

Освен трошоци за адвокати, Судот ќе треба да ги рефундира и трошоците за направените вештачење, а обвинетите во овие предмети од државата ќе може да бараат оштета и за времето поминато во притвор.

реклама

Од Основниот кривичен суд Скопје посочуваат дека сето ова само дополнително ја обременува работата на судот.

– Решаваме еден куп работи, што во принцип не треба ниту да бидат наши. Ние треба да одлучуваме за виновноста, не треба да одлучуваме за трошоците, меѓутоа и тоа не обременува, велат од Основен кривичен суд. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел: Испораката на помош од Египет за Газа ќе започне наскоро

Следно

Стотици кампови поставени за Палестинците на јужниот дел на Газа: Децата си играат во шаторската населба

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност
Go toTop