Трошановски – Немаме дипломатски капитал за промена на преговарачката рамка

April 14, 2024
2 mins read

Г-не Трошановски, кампањата за претседателските избори започна на 4 април. Каква е вашата оценка во однос на тоа како кандидатите ја водат кампањата досега?

Со оглед на предупредувањата на ОБСЕ околу високата поларизација во општеството и како таа може да се преслика на политичката комуникација, мислам дека засега е релативно пристојна кампањата, што се однесува до традиционалните медиуми. Поголем дел од она што е црна и валкана кампања може да ја сведочиме на социјалните мрежи, каде што не постои ни одговорност, не постои неретко ниту авторство и луѓето се послободни да не се цензурираат или партиите перфидно да лиферуваат информации кои што се во негативен контекст на политичкото рекламирање или комуницирање. Засега она што може да се преслика, барем на митинзите, е дека е во домен на некаков политички коректен дискурс. Неизбежно тоа ќе се радикализира како што се ближи крајот. Се уште не сме сведочеле на политички соочувања, каде што најмногу излегуваат на виделина овие негативни појави во политичките комуникации.

Има многу кандидати. Очекувате ли да се избере претседател во вториот круг?

Мислам дека преклопувањето на вториот круг на претседателските со првиот од парламентарните избори беше намерно целисходно направено во таа насока, да ја зголеми излезноста. Она што е негативно е дека имаме доста споени денови во тој период и многу луѓе ќе бидат надвор од државата, што може да придонесе делумно на намалената излезност, но мислам дека тоа би произвело многу поголема политичка криза којашто не е во интерес на ниту една партија и имајќи ги предвид можните комбинаторики коишто ќе излезат во вториот круг, во смисла на взаемно поддржување на партиите на нивните кандидати за подобро позиционирање за идни владини коалиции, ќе пресуди да немаме пад на тој цензус, којшто би ги направил нелегални изборите.

Како гледате на тоа што партиите ветуваа, но не ги изгласаа измените на Изборниот законик според препораките на ОБСЕ/ОДИХР, со кои требаше да се спречи злоупотреба на државни ресурси за партиски ресурси, меѓутоа и финансирање на партиите со државни пари во медиумите?

И самиот период на носење два месеци пред кампања на Изборниот законик, покажува на тоа дека партиите не сакаат да ги напуштат старите пракси коишто овозможуваат многу финансиски средства и државни ресурси во интерес на партиите, а не на јавниот интерес. Пред се, околу 2,7 милиони евра ќе се одлеат во интернет портали кои се ново формирани и коишто немаат сопственици, ниту уредувачка политика, кои не знаат дали ќе објавуваат понатаму или не. Имаме ситуација каде што една фирма пријавува по четири, пет портали, од кои секој би можел да добие по 15 илјади евра, пари за кои сериозно постојат индиции дека се злоупотребуваат, или за рефинансирање на кампањите или за влегуваат во приватни џебови. Вториот момент е употреба на возила во кампања. Досега околу 400 од над 1.500 институции ги пријавиле своите службени возила, односно нивните регистарски таблички за граѓаните да можат да видат дали ги користат во кампања. Тоа повторно е голем пропуст.

Што очекувате да се случува по изборите со однос на преговорите со ЕУ, бидејќи е јасно дека за отворањето на кластери треба да се внесе Бугарското малцинство во Уставот?

„Промена на преговарачката рамка мислам дека е прилично неверојатно сценарио, и пред да биде соопштено тоа од комесарот за проширување Вархеји. Беше јасно дека за тоа да се случи потребна е мобилизација на сите земји членки по ова прашање, во ситуација кога Европа ја тиштат многу други поголеми прашања од тоа дали една мала земја доле на југот сака да ја промени преговарачката рамка или не. Треба сепак да се види со каков капитал ние настапуваме во тоа барање и колку имаме, и дипломатски, и геостратешки капитал за да преговараме за таква тема. Моментално мислам дека тоа не е случај, како што случајот со Украина и кафе пиењето на Орбан на последниот совет. Така што мислам дека тоа е многу малку веројатно сценарио. Има можеби некаков модалитет во случај на одложено дејствие на уставните измени по ратификацијата на договорот, за да се намали можноста Бугарија да ја уценува земјата и да ги користат преговорите за наметнување на своите ревизионистички барања. Меѓутоа во делот на промената на преговарачката рамка мислам дека тоа нема да се случи. Евентуално некакви гаранции коишто би дошле од страна на Европскиот парламент, би биле добри и посакувани, како и нови заклучоци од следниот совет на ЕУ, коишто би алудирале дека злоупотребата на билатералните договори е неприфатливо. Меѓутоа и тоа е тешко, бидејќи билатералните прашања се едни од клучните предуслови за една земја да може да влезе во ЕУ“.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нетанјаху по нападот од Иран: Пресретнавме, одбивме, заедно ќе победиме

Следно

Бајден: САД му помогнаа на Израел да ги собори речиси сите беспилотни летала и проектили што Иран ги истрела синоќа

Latest from Blog

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос
Go toTop