Тројца загинаа и осуммина патници во критична состојба- црниот биланс на автобуската несреќа во Србија(ВИДЕО)

October 18, 2025
1 min read

Во тешката сообраќајна несреќа, која, за потсетување, се случи вчера на патот помеѓу Сремска Митровица и селото Јарак, три лица загинаа – две на лице место и едно во болница поради здобиените повреди.

Состојбата на 39-те повредени лица во вчерашната автобуска несреќа во близина на Сремска Митровица е непроменета, потврдија за РТС од Општата болница во овој град. Осум пациенти се на интензивна нега, дваесет се на Одделот за општа хирургија, а единаесет на Ортопедија, пренесе Телеграф.

Видео од Инстаграм страницата 192 покажува како автобусот е транспортиран до главниот пат со јажиња. Дури откако е завршено извлекувањето, патот е пуштен за сообраќај.

За потсетување, припадници на Министерството за внатрешни работи во Сремска Митровица, во соработка со Основното јавно обвинителство во овој град, го уапсија Д. К. (70), возачот на автобускиот превозник „Сирмиум автобус“, поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз. Тој е осомничен за предизвикување сообраќајна несреќа на делницата Јарак – Сремска Митровица во која животот го загубија три лица. На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа.

Доктор на Општата болница во Сремска Митровица, Воислав Мирниќ, изјави дека по несреќата со превртувањето на патничкиот автобус примиле 61 пациент, а дека 39 пациенти се задржани на набљудување. Осум пациенти се сместени на одделението за интензивна нега, а две лица моментално се во операционата сала.

„Осум тешко повредени пациенти се на одделението за интензивна нега, а еден пациент за жал починал“, изјави Воислав Мирниќ, додавајќи дека 61 пациент се примени во болницата, од кои 39 се задржани на набљудување. Две лица биле во операционата сала, а еден пациент бил пренесен во Центарот за итни случаи во Белград.

20 од нив се на одделот за општа хирургија, додека 11 пациенти се на одделот за ортопедија.

Мирниќ, исто така, рече дека денес биле ангажирани повеќе од 120 техничари и медицински сестри и дека за 45 минути транспортирале 35 пациенти во болницата.

Апел е упатен до доброволните дарители на крв, иако вечерва имале доволно залихи од крв.

„Утре ќе има доброволна акција за дарување крв во Црвениот крст на Сремска Митровица од 8:30 до 13 часот“, информираше Мириќ.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наскоро Компани и Баерн добиваат екстра засилување!

Следно

Гласаат затворениците во КПД „Идризово“

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop