Тројца пожарникари повредени од струен удар при гасење пожар на кров од куќа во Радожда

November 16, 2023
1 min read

реклама


Тројца пожарникари се повредени при интервенција на пожар на кров од куќа во струшкото село Радожда, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица во Струга, Фети Мазари.

Според него, пожарот бил пријавен синоќа во 23 часот и 30 минути, по што интервенирале шестмина пожарникари.

реклама

  • Пожарникарите се во добра здравствена состојба, а пожарот е целосно изгаснат, изјави Мазари.

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23 часот и 40 минути бил пријавен пожар во куќа во близина на струшкото село Радожда, сопственост на А.С. од истото село.

  • При интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, со повреди од струен удар се здобиле тројца пожарникари кои го гаснеле пожарот. Тие се пренесени во Општата болница во Струга каде им биле констатирани телесни повреди по што, биле пуштени на домашно лекување, појасни портпаролот Стефан Димоски.

Се работи на расчистување на случајот.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ЕУ пак би да ве шпионира на интернет

Следно

Ако вака осудува пратеник, како ли им суди на граѓаните: Бране Петрушевски поднесе претставка против кумановскиот судија Неџат Мемети

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop