Тројца повредени во пожарот во Кочани со воен авион се префрлени вечерва на лекување во Грција

March 17, 2025
1 min read

Вечерва воен авион на грчкото воздухопловство Ц-130 полета од скопскиот аеродром, транспортирајќи тројца пациенти во критична состојба кон Атина. Повредените ќе бидат хоспитализирани во Општата воена болница 401, на одделот за третман на изгореници.

Грчката амбасада во Скопје на социјалните мрежи сподели фотографии од медицинската евакуација, нагласувајќи дека пациентите ќе добијат специјализиран третман.

„Нашите мисли и молитви се со нив. Солидарност со Северна Македонија“, напишаа од амбасадата.

Авионот вечерва полета од воениот аеродром во Атина, слета во Скопје за да ги преземе повредените, а потоа веднаш се врати назад.

Во Грција веќе се лекуваат петмина повредени во пожарот, распределени во две болници во Солун – Папаниколау и воената болница 424.

Покрај Атина, повредени од трагедијата во Кочани се транспортирани и во Белград, Виена и Загреб, каде што ќе добијат неопходната медицинска нега.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фаризи во 24 анализа: Случајот со дискотеката треба да се истражува од почеток, бидејќи објектот работи 15 години

Следно

Бах: Боксот ќе биде дел од Олимписките Игри во Лос Анџелес 2028 година

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop