Тројца израелски министри размислуваат за оставки, бараат Нетанјаху да преземе одговорност за нападот на Хамас

October 23, 2023
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Тројца израелски министри размислуваат да поднесат оставка за да извршат притисок врз премиерот Бенјамин Нетанјаху да ја преземе одговорноста за нападот на Хамас врз израелските погранични градови на 7 октомври, објави денес весникот „Једиот Ахронот“, пренесува Анадолу.

Во весникот не се наведени имињата на тројцата министри кои бараат Нетанјаху да поднесе оставка.

„Не можеме да веруваме во оваа ситуација. На Нетанјаху едноставно не смее да му се дозволи да продолжи“, рече еден од министрите, цитиран од весникот.

Неколку израелски безбедносни службеници и политичари признаа дека не можеле да го предвидат нападот.

„Нетанјаху одбива да ја преземе одговорноста за настаните од 7 октомври, иако малкумина веруваат дека тој ќе го издржи бранот на гнев што го чека по крајот на војната“, пишува весникот.

Израелците организираа протести барајќи оставка на Нетанјаху.

Израел започна немилосрдна кампања за бомбардирање на Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас врз израелските погранични градови.

Речиси 6.500 луѓе загинаа во конфликтот, меѓу кои 5.087 Палестинци и над 1.400 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фајзер повеќе од дупло го поскапува лекот за ковид

Следно

Велешанец испрскал бензин дома, а потоа и се заканувал на сопругата и децата

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop