Трња и грмушки околу патот Тетово – Попова Шапка – жителите се жалат, од претпријатието велат дека се ќе расчистат

November 6, 2024
1 min read

Ова е патот Тетово – Попова Шапка, кој ги поврзува голем број на планински села на Тетово, но и градот со туристичкото место. Како што може да се види, трњата и грмушките почнале да излегуваат на патот. Екс претседателот на месната заедница на село Шипковица, Зеќирја Ќазими вели дека патот е многу стеснет и автомобилите им се оштетуваат.

„Моментално камионите и некој автобус, ние мора да одиме на страна. Ни се оштетуваат автомобилите. Не знам кој е надлежен, но годинава воопшто не е работено, сега чија е одговорноста Господ знае. Моментално се гледа како малку, но тесно е, гледајте, подолу е полошо, многу излегле на патот, од двете страни и кога излегуваме на тој пат, патот се стеснува. Кога поминуваме ги оштетуваме ретровизорите, влегуваме во трња, дрвја, имаме трошоци, плаќаме за улиците, осигурување за автомобилите и на крај се оштетуваат“, вели Зеќирија Ќазими.

Од ЈП Македонија пат, велат дека моментално ги обележуваат пешачките премини, а наскоро ќе почне и расчистувањето на овој пат.

„Моментално ги обележуваме пешачките премини на патот Тетово – Попова Шапка, а од 12 до 20 ноември ќе почнат активностите за расчистување на страничните делови од грмушките и дрвјата кои излегле на пат“, велат од ЈП Македонија пат.

Патот Тетово – Попова Шапка, е долг 20 километри. Жителите на Шипковица велат дека тие сами го чистат патот во нивното село, а за другиот дел тоа треба да го направи јавното претпријатие кое е надлежно.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Благодарница за Никола Ѓурѓај од Здружението на Македонците „Даме Груев” во Моравичкиот округ во Србија

Следно

Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок

Latest from Blog

Симеоне за инцидентот со Винисиус: Не се сеќавам, имам лошо памтење

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го пофали настапот на својот тим, велејќи дека му се допаднала играта, но жали за нивниот недостаток на напаѓачка ефикасност. Тој, исто така, коментираше за неговата

Седум трендови во патувањата што ќе ја обележат 2026: Ништо од она што сте навикнале досега

Трендовите во патувањата се менуваат секоја година, но врз нив силно влијаат настаните во светот: глобалната несигурност, климатските промени, порастот на цените и брзиот начин на живот. Токму затоа Би-би-си направи преглед

Џенифер Гарнер прв пат јавно проговори за разводот од Бен Афлек

Иако се разделија во 2015 година, а разводот беше финализиран во 2018 година, нивната приказна продолжува да ја интригира јавноста, пишува списанието Hello!. Најтешкиот удар не беше медиумскиот притисок Во интервју за
Go toTop