Трипуновски за цените и маржите: Ќе излеземе со конкретен план како да ги заштитиме и земјоделците и граѓаните

September 10, 2024
1 min read

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска, во однос на цените и Законот за нефер трговски практики, најави дека наскоро ќе има конкретен план како ќе се постапува, а примарна цел е, напомена, да се заштитат и земјоделците и граѓаните.

Трипуновски на прес-конференција информира дека е во постојана комуникација со Министерството за економија.

– Ние сме во постојана комуникација сонадлежното Министерство за економија. Ќе направиме план како ќе делуваме за да ги заштитиме и земјоделците и граѓаните. Работиме на тоа како во наредниот период правилно да постапиме со цел земјоделците да не бидат оштетени зашто во минатото, оштетена страна единствено беа тие, а сите други имаа сериозен профит што беше на штета на граѓаните на Република Северна Македонија. Затоа, во наредниот период, заедно со Министерството ќе излеземе со конкретен план како ќе постапиме за да ги заштитиме и земјоделците и граѓаните, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије го осуди израелскиот напад врз шаторите на раселените Палестинци во Кан Јунис

Следно

KФОР: Безбедносната состојба во Косово е мирна, но нестабилна

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop