Трипуновски: Се намалува бројот на земјоделци и производството на јаболка во ресенскиот регион

February 20, 2024
1 min read

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во работна посета на Ресен оствари состанок со задругите и земјоделците од ресенскиот регион каде што е разговарано за актуелните состојби во овоштарството.

– Денес имаме една катастрофална ситуација со делот на производството на овошни култури од овој регион, а тоа го говорат и сите статистички податоци кои што се официјални од министерството, државниот завод за статистика и од платежната агенција. Она што сакам да го потенцирам како споредба на 2018 година со 2022 година секоја година имаме намалување на површините под јаболков насад за некаде од околу 350 хектари на годишно ниво што е едно сериозно намалување, а оваа бројка го потврдува и фактот со производството на јаболко од овој регион. Ако во 2017-2018 година сме имале производство на над 230 илјади тони јаболка, 2022 година производството било околу 90 илјади тони јаболка кое најголем дел беше откупено како индустриско јаболко што нанесе сериозна штета врз земјоделците од овој регион, изјави Трипуновски.

Тој потсети дека не се исплатени обесштетувањата за 2018 и 2021 година иако целосната документација е испратена до министерството, до комисијата за надомест на штети, истите се одбиени од страна на министерството со објаснување дека не се запазени предвидените рокови иако истите се запазени и документацијата е навремено доставена.

– Овој регион кој што е познат по производството на квалитетно македонско јаболко од година во година се намалува заради тоа што власта и министерството немаат слух за проблемите и сите оние мерки и програми кои што ги креира или се со тотално промашување, или се со задоцнување, или немаат никаков реален ефект. Ја користам оваа прилика да испратам една порака до сите земјоделци од регионов дека доаѓаат подобри времиња, сериозни луѓе на сериозни позиции, со конкретни мерки и проекти и сите оние отворени ситуации и проблеми ќе ги враќаме во нормала, односно да ја враќаме надежта на земјоделците кон една идна Влада која што ќе има сериозен однос спрема нив затоа што Македонија била и треба да остане земјоделска држава“, рече Трипуновски.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин испрати порака до Америка: Не сакаме нуклеарно оружје во вселената

Следно

Револуција во атлетиката – Во скок во далечина повеќе ќе нема престапи!

Latest from Blog

Во 21 век во Лерин (Флорина) Македонците можат да свират, но не и да пеат

ПРЕСПАНСКАТА СПОГОДБА ВАЖИ САМО ЗА „ВТОРАТА СТРАНА“, ГРЦИЈА НЕ ЈА ПОЧИТУВА Локалните власти во Лерин, на чело со градоначалникот, забранија да се пеат македонски песни: грчката цензура е спротивна на европските и

Музичарите од Северна Грција со поддршка за „Банда Ентопика“ по инцидентот во Лерин

Сојузот на музичари од Северна Грција јавно застана во поддршка на групата „Банда Ентопика“, остро осудувајќи ја одлуката на градоначалникот на Лерин, Василис Јанакис, со која беше прекинат нивниот концерт. Во соопштението,

Скандал во Лерин: СИРИЗА реагира на цензурата врз „Банда Ентопика“

Грчката опозициска партија СИРИЗА остро ја осуди одлуката на градоначалникот на Лерин, Василис Јанакис, со која беше прекинат настапот на бендот „Банда Ентопика“ поради изведба на песна на македонски јазик, оценувајќи ја

Барса му нареди да престане да дава голови, Левандовски: Бев свесен за ситуацијата

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е еден од најдобрите голгетери на сите времиња, но на крајот од сезоната 2022/2023, Барселона мораше да престане да постигнува голови за неговиот клуб да не мора да

Комерцијална банка, Алкалоид и Реплек со најголем неделен промет, МБИ10 бележи раст од 0,24%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 22 до 26 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 356 трансакции со вкупна
Go toTop