Трипуновски: Одговорот за силен земјоделец е во задругарството, во таа насока треба да се движи македонското земјоделство

February 17, 2025
4 mins read

Поголемо и поквалитетно производство, сигурен пласман и поголем профит се само некои од придобивките на земјоделското здружување. Земјоделците преку здружување стануваат поконкурентни на пазарот. Во таа насока задругарството претставува клучен сегмент за модерно, конкуретно и извозно ориентирано земјоделство, потенцира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој денеска во Велес присуствуваше на настан организиран од Македонската асоцијација на земјоделски задруги за промоција на можностите за финансиска поддршка на земјоделските задруги во Македонија.

Министерот посочи дека одговорот за силен земјоделец е во задругарството и во таа насока треба да се движи македонското земјоделство.

Евроамбасадорот Михалис Рокас, кој присуствуваше на денешниот настан, им даде поддршка на македонските земјоделци. Посочи дека по примерот на ЕУ и нивната иднина е во задругарството и им најави и финансиска поддршка од фондовите на ЕУ, која и досега им ја даваат.

Министерот Трипуновски им најави на македонските земјоделци  дека во 2025 година МЗШВ во програмата за рурален развој има обезбедено средства за да се објави повик во делот на инвестиции за секоја регистрирана задруга. Најави дека тој повик ќе биде објавен во наредните месеци со цел да им помогнат на земјоделците здружени во земјоделските задруги.Трипуновски најави дека доколку се појави поголем интерес за задруги, а средствата не стигнат, МЗШВ се спремни да обезбедат дополнителни средства со цел секој корисник кој ќе аплицира да добие средства од оваа мерка, односно да ја добие поддршката.

-Навистина е важно задругарството во  Македонија да успее. Тоа е клучот на организирање и пласман на земјоделските производи,потенцира министерот Трипуновски.

На новинарско прашање до колку ќе биде финансиската поддршка и за платите и за набавка на нова механизација  и осовременување за земјоделството, Трипуновски информира дека објавата на мерката не ја прави само МЗШВ, туку е во координација со Здружението за задруги  кое постои и ги организира земјоделските задруги  во Македонија.

-Тоа значи дека секоја финансиска поддршка која ќе ја ставиме на располагање се надеваме дека ќе има вистински ефект и да не биде само потрошени средства каде крајната цел нема да оправда. Затоа и во самата објава и во делот на поддршката висината којашто ќе ја дадеме ќе биде во корелација со земјоделските задруги, потенцира Трипуновски.

Информира дека порано кофинансирањето беше 60 проценти за плата и 90 за набавка на механизација, но појасни дека во тој дел сега ќе имаат новини кои дополнително ќе ги објават. Најави дека МЗШВ во 2025 година освен поддршка на младите земјоделци, кои можат да бидат  и носители на земјоделска задруга, ќе имаат и дополнителна поддршка, жените во земјоделството ќе бидат дополнително поддржани за механизација, за инвестиции и за земјоделско земјиште и други бенефиции.

-Сите ќе ги поддржиме со цел овојпат да им покажеме како вистински се води грижи за земјделските задруги, рече министерот Трипуновски.

Тој информира  дека соработката со Македонската асоцијација на земјоделски задруги и брзата реакција на Министерството придонесе за позитивен исход кој резултираше со изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој за враќање на довербата на земјоделските задруги. Трипуновски потенцира  дека Министерството останува цврст партнер и поддржувач на земјоделските задруги затоа што тие се единствениот начин за надминување на проблемите кои ги имаат земјоделците со пласманот на нивните производи, производителите да станат посилни на пазарот, да обезбедат континуирана продукција со стандардизиран квалитет во текот на целата годинa.

Менде Трајковски, претседател на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, потенцира дека ако земјоделците се обединат во земјоделски задруги подобро ќе стигнат до пласман на своите производи во земјава и странство место нивните производи да им ги откупуваат прекупци и кај нив да останува заработката наместо кај земјоделците.

Земјоделските задруги во земјава се обновени во 2005 година и бројката е променлива. Во моментов има околу 60-тина земјоделски задруги.

-Ние во работата имавме застој, имавме проблеми. Постоеше закон за задруги, а потоа беше донесен закон за земјоделски задруги, кој последниве 2 до 2,5 години се укина и ние „лебдевме“. Не немаше никаде. Не знаевме каде сме, каде припаѓаме. Македонската асоцијација за земјоделски задруги со доаѓањето на министерот Трипуновски уште лани на еден состанок на земјоделските задруги во Струмица, имавме една средба и го потенциравме овој проблем што побрзо да се надмине. Од МЗШВ ни излегоа во пресрет, имавме неколку средби и инициравме промена на законот за земјоделство и рурален развој. Сега  сето тоа што го баравме  помина  и е усвоено, а   еве како што најави и министерот за кратко време ќе има и јавен повик за задруги, кој со нетрпение го очекуваме, потенцира Трајковски.

Моме Младеновски, претседател на Земјоделска задруга „Еко овчеполка“ која се занимава со заштита и одгледување на домашната автохтона раса „овчеполска праменка“, информира дека како задруга функционираат од 2019 година. Тие имаат  поддршка од ЕУ фондовите, а сега од нив  бараат опрема за правање на традиционачно  овчеполско сирење со што, како што вели, ќе ја заштитат традицијата.

-Работиме на унапредување на расата. Од 200 јагниња пред 17 години, веќе стигнавме до околу 15 илјади овци. Сега развиваме нова одгледувачка програма за „Овчеполската праменка“ од 2024-2034 година согласно Законот за зоотехника со кој комплетно е усогласен со промените на ЕУ, потецира Младеновски. Информира дека од двата проекта од ЕУ кои беа спомнати на денешното советување тие добиле средства за модернизација, односно за машинско  молзење на „овчеполските праменки“ со што првпат по многу години повторно воведуваат машинско молзење на овците кај автохтоните раси.

Тој изјави дека добиле проект преку „АгроСмарт“ што е за дигитален менаџмент на традиционално овчарство со џи-пи-ес чипови обележување на лидери на овците, кои ги водат стадата и како задруга ги пратат каде се нивните стада со овци. Тоа е една од најмодерните техники во овчарството, а имаат и дигитално управување на пасиштата со цел да имаат информација кога нивна овца од задругата ќе ја помине линијата, системот  му сигнализира на овчарот  дека неговата овца е во друг имот или се изгубила. Додаде дека неговите членови – одгледувачи на овци ги носеле да црпат нови  искуства во Франција, Шпанија, Италија и Словенија.

-Затоа сметам дека задругите се лидери кои не само што ќе го спасат македонското овчарство, туку и ќе го унапредат и модернизираат и ќе го вратат животот на селата. Нашата визија на Сојузот на одгледувачи на овци е модерен овчар, појасни Младеновски.

Додаде дека работат со задруги во Грција, Србија, Бугарија и црпат и нивни икуства.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Кривична пријава за правно лице од тетовско, немало преземени мерки за безбедност на градилиште на кое загина работник

Следно

Гондолите, симболот на Венеција, продолжуваат да се изработуваат со традиционални техники

Latest from Blog

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.620,48 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Стартува 3.коло во групната фаза, БиХ оди на победа за пласман во 1/16 финалето

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/ Пред нас е стартот на 3.коло од групната фаза на Мундијалот. Коло по кое ќе се знаат и официајално сите учесници во 1/16 финалето, како и двојките. На програмата се дури

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.
Go toTop