Трипуновски најавува фокус на домашното земјоделство и полнење резерви со македонска пченица

August 28, 2025
1 min read

Годинешната жетва на пченица донесе значителен пораст и позитивни резултати за домашното земјоделство. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за „Newsmax Balkans“ ги презентираше бројките и најави конкретни мерки со кои државата го насочува фокусот кон зголемување на домашното производство и обезбедување на стоковните резерви со македонски производи.

-Жетвата на пченицата оваа година е извршена на зголемени површини во споредба со минатата година. Согласно податоците со кои располага Министерството, пченица е засеана на околу 70.000 хектари, а од жетвата се собрани над 280.000 тони, количина која речиси целосно ги покрива домашните потреби, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Министерот потенцираше дека институцијата активно работи на трансформација на земјоделскиот систем, со јасна цел – намалување на увозната зависност.

-Работиме на зголемување на производството, со цел Македонија конечно да не биде означувана како увозно зависна држава. Трендот на раст на производството е сериозен показател, појасни тој.

Како еден од клучните потези, Трипуновски најави дека по долг период, државата повторно ќе ги полни резервите со домашно производство.

-Не може да дозволиме стоковните резерви да ги полниме со пченица која доаѓа надвор од нашите граници, туку стоковните резерви ќе ги полниме со наша домашна пченица. Беше објавен и првиот повик за набавка на 9.000 тони од реколтата 2025 година, директно од производителите, истакна министерот Трипуновски.

Дополнително, тој објави новитет во третманот на земјоделските култури од стратешко значење за државата. За прв пат, оризот е вклучен како стратешка култура во стоковните резерви, а оваа година истите ќе бидат наполнети со 2.400 тони оризова арпа.

Со овие мерки, Министерството испраќа јасна порака за поддршка на македонските земјоделци и долгорочна стабилност на прехранбениот систем.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Фаталната Зои Кравиц- растури две веридби, сите зборуваа за разводот, дали сега има нова „жртва“ (ФОТО)

Следно

ВИДЕО: Ужас на аеромитинг во Полска, се урна борбен авион Ф-16, загина пилотот

Latest from Blog

Тоневски: Време е за нов почеток и вистински развој во Пробиштип

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, ја заврши својата изборна кампања со порака до граѓаните дека во недела следува вистинското време за одлука. „Во недела Пробиштип ќе добие нов градоначалник.

Дали проклетството го “фати“ и Дуе?!

ФОТО: FC PSG/FB Голем удар за ПСЖ, за тимот на стратегот Луис Енрике. Имено младиот напаѓач Дезире Дуе, кој игра во фантастична форма, се повреди и не ќе може извесно време да

Судот ја блокира одлуката на администрацијата на Трамп за суспендирање на купони за храна

Федерален судија во американската држава Род Ајленд денес привремено ја блокираше одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за суспендирање на купоните за храна за милиони Американци во услови на тековно

Николовски од Кичево: Во недела број 9 – за д-р Александар Јовановски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, вечерва ја заокружи изборната кампања со митинг во Кичево, каде упати порака за обединување и промени. „Кичево е Македонија! Оваа прекрасна изборна кампања ја завршувам вечерва токму

УТРЕ Е МИТРОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА – Ова не треба да го правите на гробот на починатите

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.
Go toTop