Тринаесетгодишник со нож и секира нападнал мајка и син во Србија

May 14, 2023
1 min read

Повредени се 18-годишно момче и неговата 57-годишна мајка. Мајката од ударот со секирата се здобила со повреди на главата и итно била пренесена во Клиничкиот центар во Војводина, додека синот се здобил со повеќе убодни рани во пределот на градниот кош и со удар од секира во пределот на главата. Лекарите се борат за неговиот живот

Тринаесетгодишник со нож и секира нападнал две лица во селото Радоево во Србија.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, повредени се 18-годишно момче и неговата 57-годишна мајка. Нападот се случил ноќеска во 3:33 часот.

Како што неофицијално пренесуваат медиумите, мајката од ударот со секирата се здобила со повреди на главата и итно била пренесена во Клиничкиот центар во Војводина, додека синот се здобил со повеќе убодни рани во пределот на градниот кош и со удар од секира во пределот на главата. Лекарите се борат за неговиот живот.

Таткото на 13-годишникот е приведен и задржан во притвор за кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице, а за истото дело ќе одговара и мајката.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Зеленски: „Се подготвуваме за контранапад, за кратко време ќе преземаме чекори“

Следно

Ердоган задоволен од избирачкиот процес, Киличдароглу вели дека недостасува демократија

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба

Косовска влада ПУШТЕНА НИЗ ВОДА САКА ДА СЕ ИСПЕРЕ: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме КРИТИКИТЕ?

Портпаролот на заминувачката косовска влада, Перпарим Криезиу, по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово изјави дека односите со САД остануваат стабилни. Тој, исто така, на Фејсбук изјави дека
Go toTop