Трифонов: Македонците немаат ниту грам благодарност, и покрај компромисите кои ги направија сите бугарски влади

February 12, 2025
1 min read

Лидерот на „Има таков народ“ во Бугарија, Салви Трифонов, на Фејсбук ги критикуваше Македонците и премиерот Христијан Мицкоски.

„Претседателот на Владата на Северна Македонија Христијан Мицкоски, пред парламентот рече дека не гледа причина за приклучување на Бугарите во Уставот. Тој праша зошто Албанија го нема истиот услов, имајќи предвид дека 8.000 луѓе во земјата се изјасниле за својот бугарски идентитет.

Сега ќе ви кажам што мислам јас за ова прашање. Ме исфрустрираа овие луѓе. Не можам да кажам дали се лутам или едноставно сум разочаран. Овој Мицкоски е избран демократски. Одлично се сеќавам како за време на изборите целата негова предизборна кампања беше базирана на омраза кон нас, Бугарите. Тие затоа го избраа. И сега тој зборува така заради нив, заради тие што го избрале. Бугарија прва ги призна како држава, иако целата наша историја, иако целата измислица што ја претставуваат, и сите глупости што зборуваат против нас со години, и уште, и уште, и уште. И покрај се, претседателот Желев, нека му е вечна слава, прв ги призна како независна држава од целиот свет. И покрај тоа, и покрај сите компромиси што ги правеле сите бугарски влади, сите бугарски премиери, сите бугарски претседатели. И сите Бугари воопшто. Нема грам благодарност, грам почит, грам логика. Ништо нема. Само омраза и самозалажување. Но, таму има луѓе што се чувствуваат Бугари. Луѓе што се Бугари! А Бугарија е насекаде, каде што живее и еден Бугарин. А таму ги има многу повеќе од еден. Многу, многу, многу повеќе. За нив треба да се грижиме, нив треба да ги мислиме и заради нив треба да ни биде грижа. А тој Мицкоски, тие што го избраа и тие што се радуваат на тоа што тој зборува, колку што зависи од мене, сите тие, на чело со Мицкоски, ќе го видат Европската Унија низ искривени очила. Преку многу искривени очила!“, напиша Трифонов.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски неуморен, продолжува да ги менува првите луѓе на институциите, за опозицијата тој ја партизира администрацијата

Следно

Возете внимателно: Врнежи од снег на планинските превои

Latest from Blog

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина
Go toTop