Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница

September 28, 2024
1 min read

Триесет и едногодишна родилка од Куманово синоќа починала при породување на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово.

 

Жената, која била во деветтиот месец од бременоста, завчера дошла во болницата откако ѝ почнало породувањето, но вчера попладне состојбата нагло ѝ се влошила и ненадејно починала. Ова ѝ била втора бременост.

 

„Родилката е примена со прснат водењак, отпочнато породување и слаби контракции. До вчера се чекало да се добијат спонтани контракции и по природен пат да продолжи породувањето. Откако тоа не се случило, отпочнати биле стимулации, нагло ѝ престанала срцевата работа, немала притисок, викнат бил анестезиолог за реанимација, но без резултати. Веднаш е однесена во операциона сала за да се извади плодот. Бебето е живо и итно е однесено на Детската клиника во Скопје“, изјави д-р Стефан Трајановски, директорот на Кумановската болница.

„На 27.9.2024 во 21.35 часот во СВР Куманово, директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31-годишна родилка од Куманово. Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција“, соопшти СВР Куманово.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинските власти: Од 2022 година Израел одобри над 80 планови за нелегални населби на Западниот Брег и Ерусалим

Следно

Силен земјотрес во Грција

Latest from Blog

Лула: Американската воена интервенција во Венецуела би била хуманитарна катастрофа

Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, денеска на отворањето на самитот на Меркосур изјави дека евентуална воена интервенција на Соединетите Американски Држави во Венецуела би претставувала „хуманитарна катастрофа“ и „опасен

Њукасл водеше, Челзи израмни… екстра дерби на стартот на колото

Фантастичен дуел на стартот на денешната програма во Премиер лигата одиграа екипите на Њукасл и Челзи во пладневниот термин. Конечните 2:2 можеа да бидат сосема поинакви, односно резултатот многу лесно можеше да
Go toTop