Триесет и две години од изборот на Киро Глигоров за прв претседател на независна Република Македонија

January 27, 2023
1 min read

Пред 32 години Киро Глигоров беше избран за прв претседател на независна и суверена Република Македонија.

Глигоров беше претседател на Република Македонија во два мандата, заклучно до 17 ноември 1999 година.

Тој го имаше првото обраќање на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија на 8 април 1993 година стана 181-та членка на Светската организација.

На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот „Бристол”.

По завршувањето на неговиот мандат како претседател беше посветен на публицистичка дејност, а меѓу делата е автор и на книгата „Македонија е сè што имаме” (2001).

Почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во неговиот дом на 94-годишна возраст.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски: И денес рамнодушноста и омразата убиваат

Следно

Родителите од регионот исплашени: Се појави детска дрога во облик на мастики, доаѓа од Косово – еве каков ефект има

Latest from Blog

Макрон: Не сум убеден дека Путин сака мир

Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник изрази претпазливост во врска со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, која ја организира американскиот претседател Доналд Трамп. Средбата меѓу Зеленски и Путин би била чекор напред, рече

Денес е Преображение Господово

Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква, но тој и со поголемиот број обичаи и верувања има значајно место во животот на нашиот народ, така што

Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт ќе потпишат Меморандум за соработка

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со делегација од Германскиот археолошки институт од Берлин, СР Германија, и од Музејот на град Скопје, денеска ќе го посетат археолошкиот локалитет Скупи. Во

Трамп: Денес е голем ден во Белата куќа

10 Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека денес е „голем ден во Белата куќа“. „Америка никогаш немала толку многу европски лидери тука истовремено“, напиша тој на својот профил
Go toTop