Три промоции на словенечкото издание на романот „Скриени желби, немирни патување“ на писателот Владимир Јанковски

October 16, 2023
1 min read

На 11, 12 и 13 октомври се одржаа три промоции на словенечкото издание на романот „Скриени желби, немирни патување“ на писателот Владимир Јанковски. На 11 октомври промоција на книгата се одржа во Словенске Коњице, на 12 октомври во Љубљана, а на 13 октомври во Ново Место.

Промоцијата на 11 октомври беше одржана во библиотеката на Словенске Коњице, а модераторка на настанот беше писателката и новинарка Адриана Кучи. Во текот на разговор освен за романот, Кучи и Јанковски разговараа и за теми поврзани со релевентноста на литературата во современото општество, нејзината реакција на различните општствени процеси, како и важноста на литературата во образовниот процес и развојот на младата читателска публика.

Промоцијата во Љубљана се одржа во културниот центар „Водникова домачија“. Модератор на настанот беше критичарот, новинарот и преведувачот Сашо Пуљаревиќ. Пуљаревиќ понуди мошне темелно читање на романот на Јанковски, при што во разговорот се истражија речиси сите главни аспекти на книгата. Авторот зборуваше на македонски јазик, а преведувачката Соња Цекова-Стојановска преведуваше на словенечки јазик.

Третата промоција на романот се одржа на 13 октомври во кафе-книжарницата на издавачката куќа „Гога“ во Ново Место. Модераторка на настанот беше писателката и новинарка Кармен Л. Овен. Кармен Л. Овен го претстави романот преку неговите главни ликови и врските што тие ликови ги поврзуваат со педесеттина ликови од различни географски точки на светот, а освен за романот, се отворија теми поврзани со современото номадство, односот град-индивидуа, прашањата за тоа како урбаниот пејзаж влијае на човекот и за тоа како современиот човек ги чита градовите.

Сите три промоции беа реализирани во рамки на проектот „Читање и слушање на современата европска литература“ што е во продукција на издавачката куќа „Гога“.

 Романот „Скриени желби, немирни патувања“ на словенечки јазик го преведе истакнатата македонистка Намита Субиото. Наскоро се очекува и објавување на книгата на словенечки јазик во форма на аудио книга.

Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015), „Вечно сегашно време“ (2010), „Лицата на невидливиот град“ (заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи“ (заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори за Влада Урошевиќ“ (2003). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Намалување на цената на бензините, зголемување на цената на дизелот

Следно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Интервјуа со Максим Димитриевски и Изет Меџити

Latest from Blog

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop