Три навики кои тивко го уништуваат бракот: Обрнете внимание пред да биде доцна

October 17, 2025
1 min read

Бракот најчесто не го уништуваат големите кавги туку она што се случува во тишина – секојдневните, суптилни навики кои полека, но сигурно ја нарушуваат поврзаноста и блискоста меѓу партнерите.

Во продолжение прочитајте ги тие навики кои често незабележливо влегуваат во односот и со текот на времето можат да доведат до емоционална оддалеченост или раскинување.

Разговорот речиси исчезнува

Темелот на секој здрав однос е комуникацијата. И тоа не само попатна туку онаа која вклучува емоции, планови, секојдневни грижи, семејни односи, поделба на обврските и финансиите. Кога разговорот ќе исчезне, односите почнуваат да стагнираат. Доаѓа до недоразбирање, повреди и сѐ поголемо чувство на отуѓеност.

Зошто паровите престануваат да комуницираат? Често затоа што сакаат да избегнат конфликт затоа што немаат време или едноставно не гледаат потреба за разговор. Но, токму разговорот е она што ја чува блискоста.

Од друга страна, таму каде што недостасува отворена комуникација, често се развива пасивна агресија, индиректно искажување на незадоволство низ тишина, иронија, одложување на обврските или игнорирање на партнерите. Пасивната агресија може да биде еден од најштетните облици на однесување во врската.

Повеќе не делувате како тим

Бракот не е натпревар, тој е тимска работа. Успешните парови заеднички носат одлуки, се договараат за децата, распоредот, финансиите, празниците, прошетките. Кога само еден од партнерите презема сѐ, другиот често се чувствува исклучено или потценето.

Една од честите грешки е поделба на „оној којшто заработува“ и „оној којшто е дома“. Иако може да делува практично, често тоа доведува до фрустрации и чувство на неразбирање од двете страни.

Соработката во бракот е јака емоционална поврзаност, ги намалува конфликтите и придонесува во чувството на рамнотежа и почит. Ако се чувствувате како повеќе да не сте на иста страна, можеби е време повторно да почнете да градите заеднички цели и планови.

Собрани замерки

Простувањето е еден од најважните предуслови за љубовта. Сите грешиме, понекогаш од незнаење, понекогаш од умор, понекогаш затоа што едноставно не знаеме подобро. Доколку не научиме да простуваме, замерувањето почнува да се собира и да го гуши односот.

Многумина во себе ги бројат грешките на партнерот и ги чуваат како доказ дека не се сакани или почитувани. Но, тоа повеќе говори за нашата несигурност отколку за реалните намери на партнерот.

Простувањето не значи да заборавите или да ја оправдате грешката туку да ја препознаете човечноста и да одлучите дека таа нема да стане товар којшто го носиме секој ден.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ИЗБОРЕН МОЛК

Следно

Белата куќа објави црно-бела фотографија од Трамп и Зеленски

Latest from Blog

Гурманска хистерија во Сиднеј: Луѓе со часови чекаат во редици само поради едно јадење (ВИДЕО)

Станува збор за ресторанот Gyukatsu Kyoto Katsugyu, популарен јапонски синџир кој ги отвори своите први врати во Австралија во саботата, а е познат по своите познати панирани говедски стекови, пишува Daily Mail.

Сидни Свини во жешко издание „го урна“ интернетот- милион лајкови за 17 часа (ФОТО)

Со нејзиниот избор да се облече како змеј од популарниот анимиран филм Шрек, таа предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, а фотографиите од нејзиното секси издание станаа вирални. Огнен змеј во

Nikon ZR професионална видео камера во тело на фотапарат, плус Red искуство и квалитет

Современите фото камери на Nikon од серијата Z отсекогаш биле одлични за видео, но новиот Nikon ZR додава малку магија на добро познатиот Red, специјализиран бренд за профеионално видео, и формат погоден

Рајо и Валенсија ги поделија бодовите

Во единствениот дуел денеска кој што се играше во рамките од тековното коло од шпанскиот шампионат, Примера, екипите на Рајо и Валенсија одиграа нерешено 1:1. Домаќинот во 37. минута поведе со голот

Резултатите од магнетната резонанца на Трамп се објавени

МРИ скенирањето на претседателот Доналд Трамп, извршено во октомври, „потврдува дека тој продолжува да биде во одлична општа здравствена состојба“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, за време на брифингот во
Go toTop