Три лица загинаа во ноќните руски напади врз североисточниот дел на Украина

June 24, 2025
1 min read

Во нападите со дронови врз североисточниот украински град Суми загинаа три лица, вклучувајќи и осумгодишно дете, објавија рано утринава регионалните власти.

-Околу полноќ Русите извршија масовен напад со беспилотни летала врз селото. (…) Имаме информации за три смртни случаи“, рече шефот на регионалната администрација, Олег Григоров.

Освен детето, загинаа и маж и жена, рече тој. „Убиените во нападот беа од различни семејства. Сите живееја на истата улица“, додаде Григоров.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, во соопштение на Телеграм изјави дека Русија во текот на ноќта испалила седум беспилотни летала кон овој град на североистокот на Украина, додавајќи дека во нападите се повредени три лица.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта руската воздушна одбрана соборила 20 украински беспилотни летала.

Во соопштението се наведува дека 14 беспилотни летала се соборени над Курскиот регион, а по едно над териториите на Белгородскиот, Брјанскиот, Орјолскиот и Смоленскиот регион, објавија руските меидуми.

Шефот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, изјави дека беспилотно летало на украинските вооружени сили погодило станбена зграда во Красногорск, по што станот на 17-ти кат се запалил и дека две лица се повредени.

-Околу 100 луѓе, меѓу кои и 30 деца, беа евакуирани од зградата, рече тој.

Два други дрона беа соборени над западниот дел од руската престолнина, а никој не беше повреден, рече тој.

Непосредно пред полноќ во неделата, во руски воздушен напад беа убиени најмалку 10 цивили во Киев и околниот регион, вклучувајќи и едно 11-годишно девојче, наведоа украинските власти.

Нападите траеја повеќе од четири часа, прво беа употребени експлозивни дронови, а потоа балистички и крстосувачки ракети.

Во нападите во регионот Одеса во јужна Украина во понеделник, исто така, загинаа две лица, а беа повредени најмалку десетина други, пренесуваат локалните власти.

Украинските градови се цел на руски напади секоја вечер, додека преговорите за прекин на огнот меѓу Киев и Москва се во застој, и покрај притисокот од Вашингтон.

За време на вчерашната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Обединетото Кралство британскиот премиер Кир Стармер објави договор за производство на дронови што ја зајакнува воената соработка со Украина, особено во производството на напредни дронови.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов обид на Комитетот за надворешни работи на ЕП за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

Следно

Регистриран земјотрес со епицентар во Албанија

Latest from Blog

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон

Брендан Роџерс има нов клуб

Некогашниот менаџер на тимот на Ливерпул, Брендан Роџерс е нов кормилар на тимот на Ал Кадисија од Саудиска Арабија, објави „Атлетик“. Искусниот стратег кој во моментов има 52. години веќе е на

Димитриеска Кочоска за партнерството со САД: Работиме на посилна буџетска отчетност, зајакнување на институциите и развој

Денеска го одбележавме значајното партнерство меѓу Министерството за финансии и САД, кое со години придонесува за градење модерен, транспарентен и одговорен систем на јавни финансии, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Проданоски: Празнична атмосфера и европски дух на плоштадот во Прилеп

На плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп денеска се одржа германски Божиќен базар, кој во празнична атмосфера обедини ученици, наставници, граѓани и гости од повеќе општини низ државата. Настанот беше исполнет
Go toTop