Три лица загинаа, меѓу повредените и три малолетници – МВР со детали за сообраќајката кај Кичево

April 19, 2025
1 min read

На 18.04.2025 во 20.40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(64) од Битола, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(63) од село Горно Страгомиште, кичевско и патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(38) од Гостивар.

На местото на настанот починале возачите З.Д. и Х.Е., а сопатничката од патничкото возило „опел“ Б.Е.(38) од Гостивар, била пренесена во Медицинскиот центар Кичево, каде починала. Од страна на лекар констатирана била смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и неговата сопатничка А.А.(67) од село Колари, кичевско, сопатникот од возилото „мерцедес“ Д.С.(37) од Кичево и сопатниците од патничкото возило „опел“- тројца малолетници од Гостивар и Р.Е.(60) од селото Шутово, кичевско, констатирани во медицински установи во Кичево и Скопје.

На местото на несреќата увид извршија јавен обвинител, судски сообраќаен вештак и полициски екипи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ ЌЕ СЕ ОТВОРАТ НА 9 МАЈ СО ПРЕМИЕРАТА НА „РИГОЛЕТО“ ВО РЕЖИЈА НА ИТАЛИЈАНЕЦОТ МАЕСТРИНИ

Следно

Трамп ќе ги преквалификува федералните работници и ќе ги отпушта оние што не ја следат неговата агенда

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во
Go toTop