Три деца починаа во Газа поради голем студ, каде што Израел го ограничува влезот на помош

February 25, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Три деца починаа поради големиот студ во Појасот Газа, каде што Израел го ограничува влезот на помош и покрај прекинот на огнот, известува Анадолу.

Постигнат е прекин на огнот по повеќе од 15 месеци напади од страна на Израел врз палестинската енклава, но студеното време во Газа, каде што има проблеми со засолништа и греење поради израелското ограничување за влез на помош, ги зголемува страдањата на луѓето во регионот.

Според веста што ја објави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА заснована врз здравствени извори, три деца починале од силниот студ во Газа.

Изворите информираат дека е критична состојбата на голем број деца во Газа поради студеното време.

Бројот на деца што починаа од студеното време во Газа се зголеми на 10.

Владината канцеларија за медиуми во Газа претходно објави дека седум деца починале поради големиот студ.

Повеќе од 61.000 Палестинци се убиени, вклучително и 14.000 што се исчезнати под урнатините, а два милиона се раселени за време на израелските напади врз Газа, кои траеја повеќе од 15 месеци.

Цел на израелските бомбардирања и гранатирања беа и болници, домови и училишта во кои се засолниле раселените Палестинци. Израел уништи 88 % од инфраструктурата на Појасот Газа.

Поради долготрајната израелска блокада на хуманитарната помош во Газа, на луѓето во палестинската енклава им е потребна помош во храна, чиста вода, засолниште и материјали за греење.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се на иста линија со мегафонот Ордановски кој упати низа навреди кон Џеј-Ди Венс, Трамп и Америка

Следно

Скај Спортс го прогласи Роналдо за најплатен спортист минатата година

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop