Трговците да прибавуваат доволни количества овошје и зеленчук кои имаат замрзнати цени, донесена нова владина одлука

April 6, 2023
2 mins read

И оваа одлука, како и таа за замрзнување на цените ќе важи до крајот на април годинава

Трговците со овошје и зеленчук, откако мораа да ги замрзнат цените на 11 видови овошје и зеленчук, денеска добија задолжение од Владата да прибавуваат 70 отсто од количествата кои ги продале во јануари и февруари годинава.

И оваа одлука, како и таа за замрзнување на цените ќе важи до крајот на април годинава.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека оваа одлука е донесена по координативниот состанок  кој денеска го имале со премиерот Димитар Ковачевски, дел од министрите од ресорните министерства, како и со претставници на надлежни институции во врска со ова прашање.

Владата на седница во понеделникот донесе одлука за замрзнување на цената на 11 видови овошје и зеленчук, која почна да се применува од вчера. Цените кои ги предлага Владата важат за маркетите, продавниците и зелените пазари.

Од Државниот пазарен инспекторат, кои вршат контрола за почитување на владината одлука, денеска рекоа дека се направени над 300 надзори над субјекти и дека не се изречени санкции.

Но, граѓаните овие два дена можат да забележат дека дел од производите кои добија замрзнати цени ги нема во продажба.

Дел од продавачите на зелените пазари одбиваат да ги продаваат производите по замрзната цена затоа што, како што велат ги набавиле многу поскапо од цената што им се наложува за продажба во одлуката.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференцијата во Владата им порача на увозниците на овошје и зеленчук дека во земјава до крај ќе се почитуваат законите.

Зборувајќи за увозниците, тој спомена за документите кои биле давани во царините кај нас и во соседството и оти во нашата царина се давале дупли фактури. Сите информации со кои располагаат, најави дека тој лично ќе ги достави до институциите за да постапуваат.

„Одлуката почна да се применува вчера за што како Министерство за економија мислиме дека има многу аномалии. Прво, голема благодарност до ланците на супермаркети и повеќето од пиљарите и да ги повикам, посебно увозниците на овошје и зеленчук, да доаѓаат на средба, да не бегаат од средби заедно со претставниците на стопанските комори затоа што во нашата држава ќе се почитуваат до крај законите, почнувајќи од Царинската управа, УЈП, фактурите кои ги имале дадено во царините кај соседите и дуплите фактури кои ги имаат дадено во нашата царина“,

рече Бектеши.

Прашан за тоа дека се повлекува гравот и леќата од полиците во малопродажба и од зелените пазари, Бектеши рече дека она што е влезено како производ во земјава, мора да излезе во продажба.

„Таква пракса имаме. Има голема разлика од увозните цени до 28 март и од 28 март до денес затоа да се мислат добро и увозниците и надлежните институции“,

рече Бектеши.

Во одлуката на Владата се вели дека доматите треба да се продаваат за најмногу 70 денари. Највисоката цена на свежите краставици да биде 75 денари, на кромидот 60, карфиолот 70, пиперките 90 денари. Цената на гравот да не е повисока од 75 денари, а на леќата 110 денари. Кај овошјето бананите треба да бидат до цена од 70 денари, мандарините 60, а највисоката цена на портокалите и лимоните е 55 денари.

Ова е петто замрзнување на цените оваа година. Прво беше замрзната цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. Потоа следуваше замрзнување на цените на млекото и млечните производи, па на оризот и јајцата од кокошка. Пред овошјето и зеленчукот беа замрзнати цените на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и хигиенските влошки.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тедрос предупредува на голем недостиг на медицински персонал пред 75-от роденден на СЗО

Следно

(ФОТО + ВИДЕО) Продолжуваат протестите во Франција, демонстрантите запалија дел од омилениот ресторан на Макрон и се степаа со полицијата

Latest from Blog

Средба Мицкоски – Таравари утре, за премиерот е неприфатлива соработка со ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски ќе очекува јасен одговор од лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на прашањето дали тој соработува со ДУИ. Двајцата најверојатно ќе се сретнат утре, по што ќе стана

Министерство за туризам на Грција: Посетителите со кампери и приколки можат да се паркираат во организираните кампови

Граѓаните/посетителите со кампери можат да се паркираат во организирани кампови, односно во бизнисите кои работат законски и ги исполнуваат сите хигиенски и безбедносни стандарди за посетителите и, генерално, законските урбанистички и еколошки

Шолц во својот последен говор како канцелар повика на мирна и обединета Европа

Германскиот канцелар во заминување, Олаф Шолц повика на зачувување на мирна и обединета Европа и истакна дека Германија има посебна одговорност за зачувување на мирот во Европа поради својата историја, односно поради

Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе во црквата „Св. Спас“ по повод 122-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, но и на својот фејсбук профил искажа почит кон македонскиот
Go toTop