Тргна првиот патнички воз од Атина за Солун, 34 дена по големата несреќа

April 3, 2023
1 min read

Измешани чувства, но не и страв, преовладуваат кај дел од патниците кои утрово, од Атина за Солун тргнаа со патничкиот воз, прв по пауза од 34 дена по железничката несреќа кај месноста Темпи во која животот го загубија 57 лица.

На железничката станица во Атина, околу 80 патници чекаа да се качат во возот. Меѓу нив и странски туристи кои велат дека возовите, сатистички е докажано дека се едно од најбезбедните превозни средства, но и Грци кои често ја користат конкретната линија.

Со оглед на тоа дека од директниот судир на двата воза во железничката несреќа на 28 февруари, најпогодени беа првите вагони, сега, некои од патниците, иако веат дека не чувствуваат страв, сепак одбрале седишта во последните вагони.

Патничкиот воз планирано е да се движи со намалена брзина во споредба со претходно и затоа до Солун ќе патува пет и пол часа наместо четири часа и 20 минути колку што беше претходно.

После градот Лариса, возот ќе помине и од делот каде што се случи несреќата, а се очекува машинвозачот да ја намали брзината за да им оддадат почит на загинатите.

Рано утрово, тргна и првиот патнички воз за Калабака со 200 патници, а меѓу нив беше и државниот министер кој сега ја извршува функцијата министер за транспорт и инфраструктура Јоргос Герапетритис.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Досетлив натпис во Кисела Вода им одржа лекција на сопствениците на кучиња

Следно

ЕУРИМАЖ ГО ПОДДРЖА ДЕБИТАНСКИОТ ФИЛМ „ДИЏЕЈ АХМЕТ“ НА ГЕОРГИ УНКОВСКИ СО 160 ИЛЈАДИ ЕВРА

Latest from Blog

Трамп изјави дека е подготвен за втората фаза од санкциите против Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е подготвен да премине на втората фаза од санкциите против Русија, како дел од обидот на Вашингтон да изврши притисок врз Москва да склучи примирје

Омерагиќ: Табелата за Светско првенство, никогаш не изгледала поубаво!

Фудбалската репрезентација на Македонија ја декласира Лихтенштајн со 5-0 во септемврискиот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 и се врати на врвот на табелата во групата. Победата е значајна за националниот тим

Грузија ја декласира Бугарија!

ФОТО: Georgia national football team/FB Во меч од квалификациската група Е, селекцијата на Грузија на свој терен во Тбилиси со 3:0 успеа да слави над Бугарија и со тоа да дојде до

Захарова: Шведска ја изгуби контролата врз безбедноста по влегувањето во НАТО

Нападот врз руската амбасада во Шведска покажува дека земјата ја изгубила контролата врз својата внатрешна и надворешна безбедност по влегувањето во НАТО, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија
Go toTop