Tретата конференција „Наука за деца“ за популаризација на научните истражувања

October 16, 2024
1 min read

Во организација на Фондација КАНТАРОТ овој петок и сабота (18 и 19 октомври) во Меѓународното училиште НОВА  ќе се одржи третата конференција „Наука за деца“. Целта на конференцијата е популаризација на науката кај децата и подигање на интересот за истражување на научните концепти.

Оваа година мотото на конференцијата е „Надгради ја твојата реалност“ и за првпат таа ќе биде поделена во два дена.

Конференцијата ќе започне со свечено отворање во петок вечер, во 19 часот. Потоа ќе следуваат пет кратки предавања од децата финалисти на минатогодишниот конкурс за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“. Секое од овие предавања е под менторство на врвен македонски научник што работи во странство, со што ќе се истакне и разновидноста на научниот талент од Македонија.

Вечерта ќе продолжи со предавање на Проф. Бас Рокерс (NYU Abu Dhabi) за виртуелната реалност и нејзиниот потенцијал да го трансформира начинот на кој децата учат и истражуваат, а ќе заврши со доделување на овогодишните награди за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ и за најдобар млад презентер „Колега Стиков“.

Сите презентации ќе можат да се следат бесплатно преку live stream на следниот линк: https://www.facebook.com/events/573063692057696

Вториот ден, на 19 октомври, ќе се одржи изложбата „Parlez-vous fran-sci?“ во соработка со Францускиот институт во Скопје, а ќе бидат организирани и три научни работилници за ученици на возраст од 10 до 15 години. За време на работилниците децата ќе истражат еден научен концепт во виртуелна реалност, пред да имаат практична демонстрација на тема електромотори, капиларна активност или француска наука. Работилниците ќе траат од 10:30 до 14:30 часот.

Пријавувањето за детските работилници е на следниот линк https://konferencija.naukazadeca.mk/

Конференцијата и оваа година е финансирана од С(ц)иеста заедницата, која ја сочинуваат над 300 научници родени во Македонија, а комуникациски партнер е Групацијата Публицис.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Александар Николовски реизбран за претседател на УСС на УКИМ

Следно

Пуштен сообраќајот на патот Скопје – Велес

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука
Go toTop