Трет пораз на ЕП за младинската женска ракометна репрезентација на Македонија

July 12, 2025
1 min read

Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија го претрпе третиот пораз во групата А на Европското првенство што се игра во Подгорица, Црна Гора. Поуспешни денеска од нашите ракометарки во третото коло беа врсничките од Чешка, кои славеа победа со 41:24 (18:10). Ова беше трет пораз за Македонија во групата и до крајот на шампионатот македонските ракометарки ќе разигруваат за пласман од 13-24.место.

Фаворитската улога Чешка ја покажа на самиот старт на натпреварот и дојде до водството од 9:1, а на почетокот на вториот дел првпат поведе и со двоцифрена предност 21:11. Конечните 41:24 беа и најубедливата предност за Чешка, која со три победи го освои првото место во групата.

Михаела Крапкова од Чешка со 10 голови беше најефикасна на натпреварот, додека кај Македонија Леона Милековска постигна пет голови.

По комплетирањето на натпреварите од третото коло од групите ќе бидат познати и противниците на Македонија во следните натпревари. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 67 деца умреа од глад во Газа од октомври 2023 година

Следно

Арсовска со критики до власта

Latest from Blog

Иран за првпат потврди: За време на сузбивањето на антирежимските протести апсени и деца

Бројот на уапсени деца помлади од 18 години не е прецизиран, ниту пак е познато колку од нив ќе останат во притвор, јави „Њујорк тајмс“. Независните групи за човекови права проценуваат дека

Кочани ќе добие спомен-обележје: „Патека на бесконечноста“ за загинатите во „Пулс“

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ посветено на 63 жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“. Предлогот

Пратеничката Лозановска најави реконструкција на Ресурсниот центар и Студентскиот дом во Битола

Пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ, Олга Лозановска објави дека Владата преку заем од КФБ банката обезбеди средства за реконструкција на Ресурсниот центар во Битола и Студентскиот дом во Битола.       

Комерцијална банка и Алкалоид со најголем промет, МБИ10 со раст од 0,18% во неделата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 26 до 30 јануари 2026 година, на Македонската берза беа реализирани 445 трансакции со вкупен
Go toTop