Најмалку 67 деца умреа од глад во Газа од октомври 2023 година

July 12, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 67 деца починале од глад во Газа од октомври 2023 година, додека целосната блокада на територијата од страна на Израел влегува во својот 103-ти ден по ред, соопшти Владината канцеларија за медиуми во Газа денес, известува Анадолу.

Канцеларијата предупреди дека бројката може драматично да се зголеми, бидејќи повеќе од 650.000 деца под 5 години сега се соочуваат со сериозна и животно-загрозувачка неисхранетост во наредните недели поради продолженото оневозможување на пристап до храна, лекови и гориво.

„Сега гладот ги убива оние што бомбите не успеаја“, се наведува од канцеларијата, опишувајќи ја сегашната опсада на палестинската енклава како една од „најекстремните форми на колективно казнување во модерната историја“.

Во соопштението се наведува дека „десетици смртни случаи се забележани само во последните три дена, додека израелските сили продолжуваат да го блокираат влезот на брашно, храна за доенчиња и витални хранливи и медицински ресурси“.

Властите го обвинија Израел за „свесна политика на масовно изгладнување“.

Досега, околу 1,25 милиони луѓе во Газа се соочуваат со катастрофална глад, додека 96% од населението, вклучително и преку еден милион деца, страдаат од акутен недостаток на храна, посочи канцеларијата.

Владината канцеларија за медиуми во Газа го сметаат Израел целосно одговорен за „систематска и организирана кампања на изгладнување“, и ја префрлаат правната и моралната вина врз неговите меѓународни поддржувачи поради укажаната поддршка или молчење.

„Алармираме: ова е масовна пресуда за смрт што се одвива пред очите на светот“, се вели во соопштението и се додава:

„Итна меѓународна интервенција не е опција, туку таа е прашање на живот или смрт.“

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) денес издаде предупредување за сериозните здравствени последици во Појасот Газа предизвикани од тековната израелска блокада.

„Нема сапун, нема чиста вода. Децата во Газа не можат правилно да се бањаат поради продолжената опсада“, објави УНРВА.

„Ова, заедно со преполнети засолништа и летните врнежи, може да доведе до сериозни здравствени последици“, додаваат од агенцијата, нагласувајќи дека „опсадата мора да се укине. УНРВА мора да добие дозвола за повторно доставување хуманитарна помош во Газа, вклучително хигиенски продукти.“

Отфрлајќи ги меѓународните повици за примирје, израелската армија ја продолжува бруталната офанзива врз појасот Газа од 7 октомври 2023 година, во која досега се убиени речиси 57.900 Палестинци, претежно жени и деца.

Израелското немилосрдно бомбардирање ја уништи палестинската енклава и предизвика недостиг на храна и ширење на болести.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде потерници за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Експлозија во Битола оштети седум возила и куќи на улица „Охридска“

Следно

Трет пораз на ЕП за младинската женска ракометна репрезентација на Македонија

Latest from Blog

Комерцијална банка, НЛБ Банка и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 порасна за 0,09%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 06.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.964,01 поени, со дневен раст од 0,09%, односно 8,89 поени, додека

Божиновска: Интрадеј пазарот е клучен чекор кон зелена и конкурентна енергетика

Со официјалното започнување на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market), Македонија прави значаен исчекор кон целосна либерализација, модернизација и европска интеграција на електроенергетскиот пазар. Настанот, организиран од Националниот оператор на пазар на

ВЛЕН: Редот во Чаир ги нервира партијата од „Соравија“ и милионерите од Мала Речица

Скопје, 6 мај 2026 – Коалицијата ВЛЕН денеска излезе со остро соопштение во кое ја обвинува Демократската унија за интеграција (ДУИ) за, како што велат, „рециклирање на стари политички наративи“ и неспособност

Битола со силен потенцијал: зелени работни места во фокусот на енергетската транзиција

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и амбасадорот на Шведска Ола Сулстром, денеска се обратија на настанот за вмрежување на Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС), посветен на темата „Праведна енергетска транзиција во Пелагонија –
Go toTop