Трет ден од потрагата по исчезнатата Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите

March 28, 2024
1 min read

Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље кај Бор продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да се потврди со кого контактирале во периодот кога девојчето исчезнало, јави дописникот на МИА од Белград.

Продолжувањето на потрагата ќе се врши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не се наоѓа на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.

Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.

Од МВР соопштија дека во текот на ноќта се појавила информација дека е пронајдена Данка Илиќ, која се покажала како неточна.

Според медиумите видео камерите во Бањско поле ја забележале мајката со малолетната Данка Илиќ како се движи во правец на својот дом, но и возило плаво Пунто на иста локација како со голема брзина се движи неколку минути после исчезнувањето на девојчето, но полицијата не се огласи за ова сознание.

Под сомнение се сите кои биле во непосредна близина на Данка Илиќ, што, како што се наведува, не значи дека се сметаат за виновни.

Во потрагата по двегодишното девојче, чие исчезнување беше пријавено во вторникот, учествуваа повеќе од 500 припадници на МВР, жандармеријата, полицијата од општа надлежност, Управата за криминалистичка полиција, Техничката управа, хеликоптерската единица, Одделот за вонредни ситуации, Управата за сообраќајна полиција, полициската управа во Бор, како и Горската спасувачка служба и членови на доброволната противпожарна единица.

Данка Илиќ исчезна во понеделникот околу 13 часот и 45 минути, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна, а косата и била врзана во опавче.

Системот „Пронајди ме“ за прв пат е активиран во Србија во понеделникот, а како што е наведено на веб-страницата pronadjime.mup.gov.rs, девојчето има кафена коса и висока е околу 85 сантиметри.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Можно одложување на Планот за раст за Западен Балкан поради неусогласеност во ЕУ

Следно

САД: Извлечени две тела од уривањето на мостот во Балтимор

Latest from Blog

Паладино е новиот тренер на Аталанта

Рафаеле Паладино е новото име на клупата на Аталанта. По отказот кој што го доби хрватот Јуриќ деновиве, менаџментот на клубот се одлучи да му ја додели довербата токму на Паладино. Паладино

Премиерот Мицкоски утре на средба со потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во 10 часот ќе оствари средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка, Роберт Де Грот, во Владата, информираат од прес службата на владата.

Обвинителството на БиХ побарало од Молдавија податоци за руски кампови во Република Српска

Од Обвинителството на БиХ за „Детектор“ потврдија дека нивни службеници продолжуваат да ја истражуваат аферата во која, како што се тврди, руски инструктори обучувале државјани на Молдавија во Република Српска. „Обвинителството на

Загинаа сите 20 членови на екипажот во уривањето на турскиот воен авион

Сите 20 членови на екипажот на турскиот воен транспортен авион Ц-130 загинаа во авионската несреќа на границата меѓу Грузија и Азербејџан, соопштија турските власти. Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во
Go toTop