Тренерот на АЕК за натпреварот со Алкалоид: Ќе се соочиме со многу квалитетен противник

May 16, 2025
1 min read

Ќе се соочиме со многу квалитетен противник. И покрај големата важност на натпреварот, главно е да не брзаме со стратегијата, вели тренерот на грчкиот ракометен клуб АЕК Фредерик Бужан во пресрет на натпреварот со Алкалоид, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјава за официјалниот сајт на АЕК, Бужан се осврнува на подготовките пред првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп што в недела ќе се одигра во Атина.

– Мирно продолжуваме со нашите редовни подготовки за првото финале против Алкалоид. Со сериозност, смиреност, го повторувам тоа, и со многу концентрација. Имаме време да ја испланираме нашата стратегија и да ја зголемиме нашата сила. Ќе се соочиме со многу квалитетен противник. И покрај големата важност на натпреварот, главно е да не брзаме со стратегијата. Сепак, со нетрпение го очекуваме, бидејќи натпреварот ќе се одржи во „Сунел Арена“, истакна тренерот на грчки АЕК.

Се осврна и на неодамнешните натпревари во конкретната спортска сала и ги повика навивачите да дадат поддршка и „да доживеат уникатно искуство“ и „неверојатни моменти за ракометот“.

Како што вчера објави МИА, во Грција е голем интересот за натпреварот АЕК – Алкалоид, што ги натера домаќините да отворат дополнителни блокови од трибините и да пуштат во продажба дополнителни билети, а извори од клубот посочија дека досега се продадени околу 3.000 билети.

Натпреварот АЕК – Алкалоид во Атина е закажан за 19 часот по локално, 18 часот по македонско време, а реваншот во Скопје ќе биде една седмица подоцна, на 25 мај во спортската сала „Борис Трајковски“.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел уби над 100 Палестинци во нападите врз Газа

Следно

Во Истанбул започнаа разговорите на високо ниво меѓу САД, Украина и Турција

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop