Тренерот на АЕК: Не игравме добро, направивме многу грешки и ја плативме цената

May 19, 2025
1 min read

Не одигравме добар натпревар и ова е цената што се плаќа за да научиме, истакна тренерот на АЕК, Фредерик Бужан во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ веднаш по завршувањето на натпреварот со Алкалоид и поразот од 25-29 за домашниот тим, јави дописничката на МИА од Атина.

Бужан објасни дека оваа сезона имаат многу нови играчи, а нагласи дека сега вниманието е насочено кон реваншот во Скопје, бидејќи како што истакна „во ракометот сè е можно“.

-Не игравме добро. Промашивме пет пенали, во првото полувреме пропуштивме многу можности кога водевме со 14-12. Направивме многу грешки. Сега треба да работиме за мечот следната недела, истакна тренерот на АЕК.

Домаќините преку нивниот официјален сајт се осврнаа на исполнетата олимписка сала на синоќешниот натпревар со 7.800 навивачи на тимот, според официјалните податоци и од набљудувачот и од Европската федерација.

-Во историскиот натпревар, не само за АЕК, туку и за грчкиот ракомет, цела Европа виде преполн стадион (рекордна посетеност за ракометен натпревар во Грција) и одлична атмосфера, во која уживаа сите навивачи. Победниците на грчкиот куп „платија“ за својот неуспех во изведувањето на пенали, бидејќи имаа само 1/6 успешни обиди, додека Фредерик Бужан не можеше да ги користи Арабаѕис и Дуарте, кои се повредени. Секако, „жолто-црните“ не се откажуваат, ќе се реорганизираат и следната недела ќе се борат за пресврт во Скопје за да ја кренат втората европска титула во историја, пишува во текстот за натпреварот со Алкалоид на официјалниот сајт на АЕК.

Со сличен коментар се и спортските медиуми во Грција, кои се осврнуваат на загубените пенали, посочуваат дека АЕК ги плати грешките, но и дека имаше рекордна посетеност на натпреварот.

Дополнително, коментираат дека ракометарите на атинскиот тим на реваншот во Скопје ќе дадат се од себе за пресврт.

Паралелно, одличната одбрана на Галевски не остана незабележана од грчките спортски новинари, порталот „Спорт 24“ во текстот со наслов „Неверојатно: Голманот на Алкалоид фати пет пенали во второто полувреме од финалето против АЕК“ коментира дека „на…ѕид наидоа офанзивните напори на АЕК во првото финале на ЕХФ Европскиот куп против Алкалоид со голманот на гостите, Галевски кој одбрани пет удари во второто полувреме.“

Алкалоид вчера со 25-29 славеше во првиот натпревар од финалето на Европскиот куп, а в недела на 25 мај во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одигра реваншот со атински АЕК.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Настап на оркестарот „Мехтеран“ на Тајмс Сквер во Њујорк

Следно

Турскиот претседател Ердоган упати честитки по повод Денот на младите и спортот и Денот на сеќавање на Ататурк

Latest from Blog

Швајцарија славеше по пенал – серијата и си закажа дуел со Аргентина! Познати се сите двојки во 1/4 финалето!

ФОТО:.facebook.com/Swiss.Nati.Men/ Швајцарија е последниот патник во четвртфиналето. Откако по истекот на регуларниот дел и по двете продолженија 2Х15 минути беше 0:0 против Колумбија, победникот беше решен по изведување на пеналите. И тоа

Тошковски – Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, на која се разговарало за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето
Go toTop