Тренчевска за деветмесечното бебе со туберкулоза: Не се работи за занемарување на дете

March 1, 2023
1 min read

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска информира дека досега не се утврдени елементи на занемарување кај деветмесечното бебе со туберкулоза од Куманово хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести и посочи оти по направениот увид било потврдено дека не се евидентирани во Центарот за социјална работа.

Таа рече дека ќе ги почекаат извештаите од стручниот тим од Куманово од увидот и потоа ќе ги известат медиумите за состојбата во домот и дали е нешто утврдено дополнително.

-Центарот за социјална работа навреме реагира. Не се утврдени никакви елементи занемарување кај детето во Куманово. Веднаш е направен увид во документацијата, дали се приматели на некакво право, дали се евидентирани во Центарот. Во Центарот во Куманово не се евидентирани. Мајката прима надоместок за трето дете, меѓутоа во периодот кога се родило детето таа е со лична карта од Шуто Оризари и го прима преку Центарот за социјални работи во Скопје. Вчера излегол веднаш на терен стручниот тим од Центарот за социјални работи во Куманово, меѓутоа родителите не се најдени дома, по телефон се контактирани. Вчера родителите со двете останати деца биле овде во Скопје да направат дополнителни анализи за да видат дали и тие имаат некакво заболување и е договорено денеска во текот на денот стручната служба да направи увид во домот на семејството за да видиме дали и каква се состојбата во домот и врз основа на тој наод ќе ги известиме медиумите за она што е од денес утврдено, рече министерката на конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза сенка која обесхрабрува“ по повод започнување на караван со цел зајакнување на жените „Гласна и храбра“.

Тренчевска потенцира дека првично не се работи за занемарување на дете, туку за бебе кое што е родено предвреме и трето дете на мајката и нема никакви индиции дека се работи за некакво занемарување. Но, како што рече таа, ќе ги почекаат извештаите од стручниот тим од Куманово од увидот и ќе ги известиме медиумите за состојбата во домот и дали е нешто утврдено дополнително.

Тренчевска информира дека директорката на Центарот за социјална работа е во комуникација со директорката на болницата и вчера ми јавиле дека се во добра состојба.

-Ние сме тука да помогнеме преку центрите. Да, нашата помош оди преку центрите. Денеска ќе го направат увидот и се што треба дополнително ќе направиме. Семејството не е примател затоа што таткото работи и е во редовен работен однос. Како што реков, само мајката е примател на надоместок за трето дете, но од увидот ќе видиме и дали им треба и некаква дополнителна помош, дали можеме да ги вклучиме дополнително во некое право – детско или социјална заштита, рече министерката Тренчевска. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со пронајдена лична карта двајца скопјани сакале да подигнат кредит

Следно

ТОА Е ПРОКЛЕТО МЕСТО НА КОЕ ЗАГИНАЛЕ МНОГУ ЛУЃЕ – познати последните зборови на машиновозачот, шефот на станицата тврди дека потфрлил системот!

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop